Вакви волшепства се успешни тогаш кога непрекинато функционира магичниот триаголник училиште- ученици- родители.Есенскава приказна е дел од активностите во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид.
Родителите и учениците од IV-5 одделение, поддржани од Советот на родители и училиштето го реализираа проектот :
Есенска соба на одржаната работилница : Јаболкото- кралот на есента.
Работилницата се одвиваше и на училиште каде што учениците изработуваа интересни нешта кои симболизираат јаболко, но и во автентична природа и ливада која во изобилство нуди свежи јаболка.
А таму… еден грст задоволства слатки кои јаболкото може да ги пружи…
Зготвено со љубов, мирис на цимет и јаболко во различни видови храна, претставено со еднакво голема љубов баш како во соба полна со бајковити есенски елементи, едукативно и забавно и за учениците, но и за возрасните… еве што ни подготвија учесниците во проектот…
Ајде, почувствувајте го сите мирисот на есен !
Публицитет.мк