На претпоследниот натпревар од есенскиот дел екипата на ГФК Охрид Лихнидос ја забележа првата гостинска победа во второлигашката конкуренција од годинешното првенство.
Што се однесува до самиот натпревар охриѓани уште од првите минути од натпреварот беа решени на овој натпревар да останат непоразени ја имаа иницијативата и на неколку пати можеа да постигнат гол но Целески еднаш ја погоди гредата а шанси за гол имаа Реџепи како и Велјаноски но ништо од сето тоа .
Сепак како резултат на таквата офанзива игра дојде и водство во 41 минута кога Шериф Реџепи со глава ја погоди мрежата на домаќините.
Во второто полувреме на почетокот домаќините се обидоа да направат нешто повеќе но како што одминуваше времето охриѓани ја презедоа играта во свои раце имаа повеќе шанси за зголемување на водството но и овој пат неефикасноста си го направи своето така што на крај минимално но заслужено охриѓани како што рековме дојдоа до првите три гостински бода со кои се зацврстија во горниот дел од табелата.
Во последниот натпревар од есенскиот дел охриѓани на домашен терен ќе се сретнат со екипата на Кадино.
И.Арсеноски, Охрид Спорт