Публицитет
Денеска Su Holding одбележува 20 години од започнувањето со работа, а како дел од целодневната прослава денеска ќе се случи отворањето на нашиот нов објект - Roastery Artisan Coffee House, во самото срце на Стариот град во Охрид, веднаш до кафе бар Liquid .
По спроведениот јавен повик за пријавување на доверители и спогодбено откажување на камати како и одобрените финансиски средства од страна на државата со кои делумно се намали долгот на општината, а со цел реализација на процесот на раздолжување, нејзина финансиска консолидација и почеток на нов развоен циклус односно создавање на услови за долгорочно планирање и инвестирање во реализација на проекти, а согласно член 20 од Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа,ОПШТИНА ОХРИД на општинската веб страна ја објавува:
Музичките журки во „Аквариус“ пред големиот роденден на 17 јуни - 30 лета со АКВАРИУС ќе започнат на 10 јули.
Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески и премиерот Зоран Заев денеска извршија увид на дел од охридското крајбрежје каде што Општина Охрид во текот на изминатиот период спроведуваше активности за отстранување на бесправните објекти по што беше извршено уредување и подготовка на плажите во пресрет на туристичката сезона.
Врз основа начлен 80, член 80а и член 81 од Законот за градење („Сл.весникна РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13,163/13, 27/14, 28/14,42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16,35/18, 64/18, 168/18, и „Сл.весник на РСМ“ бр 244/19 и 18/20 и 279/20), член 34 од Статутот на општина Охрид и член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр. 5/02), Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 год. бр. 08-11545/41 од 29.12.2020 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр.16/2020), записникот бр. 19-2366/1 од 05.03.2021, Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08-4086/51 од 28.04.2021 година и Одлука за донесување на Правилникот со кој се утврдени начинот и условите за изнајмување на локации за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Охрид бр. 08-4086/18 од 28.04.2021, Градоначалникот на Општина Охрид објавува:
Се известуваат членовите на Локалното собрание на млади на општина Охрид дека четвртата седница на Локалното собрание на млади ќе се оддржи на ден 11.06.2021 година (петок) во 10 часот во Големата сала на Советот на општина Охрид.
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, вчера оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Северна Македонија, Хиронори Савада.
Независната угостителска комора денеска во хотелот СУ во Охрид ќе одржи прес-конференција на која ќе бидат презентирани начините и бенефитите за угостителите и угостителските објекти од Охрид и Струга за стекнување право за користење сертификат и печат „Чисто и безбедно“ (CLEAN AND SAFE).
Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ја информира јавноста дека поради изведување на градежни работи, автобуската постојка позади Гимназијата (Бул. Туристичка) нема да биде во функција од 03.06.2021 година до 10.06.2021 година. Наместо неа ќе се користи автобуската постојка кај Жито Леб (Бул. Туристичка).