al palpojo 2020

„Аквариус“ ја „троши“ 25 сезона од отворањето

17 Јули 2015

Годините минуваат, „Аквариус“ во Охрид останува еден и неповторлив

Почеток на деведесеттите, сè беше визија, визија во која се насетуваше раѓањето на место каде ќе се спојат мирисот на езерото, тишината на брановите со мирисот на кафето и бојата на виното.

Место каде ќе се сретнат мислите на луѓе од различни сфери на животот, намерници, уметници, музичари, политичари, писатели…

Наеднаш, визијата стана реалност, а реалноста ни постави мисија.

vla

Нашата мисија започна од човековата среќа, преку која се создаде простор во кој дружбата ќе биде лесно остварлива цел.

Се создаде автентичен простор, лесно препознатлив по својата едноставност и душа.

Мисијата полека успеваше, станавме дел од урбаната култура, од секојдневието, култно место за многу генерации, со специфичен шмек и стил на музика.

Место во кое мисијата не завршува, таа се’  уште е пред нас… Aquarius since 1991

Славеничкиот  концерт веќе традиоцонално е отстапен за нашиот музичар од светски глас Владимир Василевски – Четар. Така ќе биде и вечерва. Голема летна и незаборавна журка ги чека сите кои ќе изберат овој петок да се во вистинско време и на вистинско место во  „Аквариус“.

Буде, Мише и сите сегашни и некогашни вработени во оваа култна кафетерија

Ви сакаме успешна сезона!    

Ваш Публицитет. мк

Прочитано 1005 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter