Музички хепениг - Охрид со љубов за Јован
Охрид уште еднаш покажува дека е хуман град.
Охриѓани уште еднаш имаат можност да покажат дека се хумани и да му помогнат на младиот, 12 годишен Јован Андреески да се избори со проблемите настанати по скршеницата на петтиот вратен пршлен.
Токму затоа, покрај другите акции, на иницијатива на Општина Охрид се организира концерт со хуманитарен карактер со цел да се помогне за понатамошното лекување на Јован.
Концертот ќе се одржи на малиот плоштад кај Долна Порта денеска 15 август (недела) со почеток од 20:00 часот. На концертот ќе настапат бројни охридски уметници меѓу кои:
Ѓоко Танески
Ле Трицк
Камелеон
Броз
Никола Тодороски
_________________________________
Да помогнеме Јован повторно да застане на нозе и да го продолжи детството како што заслужува секое дете. Сите хумани граѓани, компании, здруженија и организации кои сакаат да помогнат во рамките на своите можности, тоа можат да го сторат на некој од следните начини:
Броеви за донација;
А1 – 143 460
Телеком – 143 117
Хуманитарна жиро сметка: 210 – 700000666623 НЛБ Банка (донации од Македонија)
Девизна хуманитарна жиро сметка: МК07210501751597434, СЊИФТ ТУТНМК22 (донации од странство)
Охрид со ❤за Јован
Публицитет.мк