al palpojo 2020

АЛТА ЦЕНТАР пролетно будење на телото со масажа

19 Март 2023

По подолго време специјално за Вас почитувани читатели го посетивме познатиот специјалист- физиотерапевт Арслан Сулејман.

Тој  со години е  надеж, лек и решение за здравствени проблеми на многу луѓе од Охрид, Струга, земјава , па дури и надвор од неа. Охриѓани  и стружани гледаат со доверба во стручноста и професионализмот  на господин Арслан Сулејман.

Специјалистот  физиотерапевт е со над 25 години работно искуство од кои 15 години во јавното здравство, останатото над 12 години во приватниот сектор во неговиот Алта Центар, прво во Охрид а сега во Струга.

alfacentar

Центарот за физикална терапија и рехабилитација нуди можности за:

• Електротерапија (ТЕНС, електростимулација, дијадинамска струја, галванска струја, )

• Термотерапија (инфрацрвена ламба, ултразвук, криотерапија),

•Хидротерапија

• Топлотна терапија

• Механичка терапија (екстензија, лимфна дренажа),

• Мануелна терапија (мануелна дренажа, мобилизација, манипулација),

• Кинезитерапија (терапевтски вежби),

• Мануелна масажа (медицинска, спортска, релаксациска)

•Антицелулитен третрман

Физикалната терапија и рехабилитација дава можност за лекување пациенти кои од било кои причини не смеат да примаат лекови или да подлежат на хирушки третман, пациенти со хронични заболувања или пациенти со ограничени, односно изгубени моторни функции. Истата се применува и по извршена операција заради враќање на нормалните функции на телото, односно кога постои ризик од прогресирање на болеста.

75614062 1350222668484085 6251596083563069440 n

Не случајно овој текст излегува на два дена од разделбата со зимата и пред настапувањето на пролетта. Подарете си масажа за целосно ваше пролетно будење.

Сè повеќе граѓани во зимските месеци чувствуваат замор, премаленост, вртење на коските и, како што велат, едвај го поминуваат работниот ден. Причина за тоа е што променливото влажно и магливо време директно влијае на овие состојби, па многу од нашите сограѓани го гледаат спасот во физикалната терапија, која буквално, како што велат, ги дига на нога и им дава енергија.

 

243246415 1900957460077267 7053807462277094754 n

 Физиотерапевтите  препорачуваат, кога се седи пред работното биро повеќе од седум-осум часа, на секои 30 минути треба да се станува за да се раздвижи телото. Масажата, исто така, е благодат, таа порано се сметаше за луксуз, а денес претставува вистинска потреба.

245340246 1914021655437514 2519778016765601553 n

Медицинските факти за масажата велат дека 30 минути масажа заменува четири часа спиење, додека 60 минути масажа заменува осум часа спиење. Масажата е од доста големо значење кај луѓето и помага речиси во сите состојби. Освен наведените факти од придобивките од неа, масажата помага и во процесите на смирување на вртоглавицата, главоболката и на мигрената.

Јавете се и закажете во АЛТА ЦЕНТАР – Струга.

 

Публицитет.мк 

Прочитано 1658 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter