Бутик ЕМИЛИ - Охрид: Нова сезона, нови креации и модели
Пролетта е најубавото годишно време. Асоцира на младост, на будење на љубов, на радост...
Традиционално Бутик ЕМИЛИ деновиве ја одржа пролетната фото сесија во која беа ангажирани како модели, манекените: Ангела Трајческа, Ана Новеска, Катерина Маневска и Христијан Колевски.
Фото сесијата, вообичаено, му беше доверена на Ѓоко Наумоски од Мега Продукција.
Публицитет.мк беше меѓу одбраните и присуствуваше на фотографирањето и еве ја најновата модна приказна за Вас - почитувани читатели идни потенцијални посетители на Бутик ЕМИЛИ во Трговскиот центар на кат.
Во очекување на новата тура стокмени фотки - одберете некое модно парче и подновете ја вашата гардероба во Бутик ЕМИЛИ
Публицитет.мк