Веќе говоревме за тоа што филмаџиите нудат на филмската трпеза за месец март. Некои од филмовите кои беа понудени веќе се прикажани во кино салите и по првиот мартовски викенд на првото место на американскиот топ 5 се најде компјутерски анимираниот филм „Зоотопија“ со извонредна заработка 73,7 милиони долари што преставува најдобро отворање на некој анимиран филм во месец март.
Меѓу првите пет филмови , според заработката се најдоа уште и „Падот на Лондон“ (како втор новитет), „ Детпул“ (кој четири недели е помеѓу најгледаните), „ Виски танго фокстрот “ (како трет новитет) и „ Боговите од Египет“ (кој меѓу првите пет се наоѓа две недели и по се’ изгледа ќе биде еден од најголемите губитници во оваа 2016 година).
Но,овојпат нема да говориме за актуелниот топ 5, фуку ќе се навратиме назад во времето за да видиме кои пет филмови биле најгледани во месец МАРТ но пред10, 20 и 30 години, односно ќе се потсетиме на она што било најгледано во март 1986, 1996 и 2006 година.
Преку ова навраќање ќе видиме кои филмови го окупирале вниманието на гледачите во тоа време а во истовреме ќе се потсетиме и на некои филмови кои и денес со задоволство би ги погледнале уште еднаш.
Се разбира, презентираните информации се од познатиот интернет портал Box office Mojo.
АМЕРИКАНСКИ ТОП 5 , МАРТ 1986 ГОДИНА.
Во месец март во 1986 година најгледан филм бил комедијата „ Полициска Академија 3: Враќање во училиштето“ кој заработил вкупно 43,5 милони долари ,кога влезниот билет просечно изнесувал 3,71 долар. Според денешната просечна цена на влезниот билет од 8,7 долари , филмот би имал заработка од 102 милиони долари што ниту тогаш ниту денес не е за потценување ако се земе во обзир дека се работи за трето продолжение од еден филмски серијал кој доживеа седум продолженија ,кој започна во 1984 година а заврши во 1994 година.
Откако во второто продолжение од овој комичен серијал, во кој добро познатите јунаци излегоа по градските улици и се обидоа да покажат што научија во Академијата вршејќи ги своите први задачи, во третото продолжение ,според сценариото на Џин Квентин, јунаците повторно се враќаат во академијата , каде сепак најдобро се снаоѓаат.
Многу почитувачи и фанови на овој серијал , покрај оригиналниот го фаворизираат токму ова продолжение, истакнувајќи ја извонредната соработка, како на нивото на ликовите и дејствието така и актерското ниво, на познатите и новите лица, односно искусните полицајци и кадети.
Во актерската екипа од овој деријал се појавија голем број на актери . Меѓу нив најпознат секако е Стив Гутенберг во улогата на Кери Махони. Од останатите актери кои настапија во овој серијал ќе ги споменеме уште и Буба Смит, Дејвид Граф, Мајкл Винслов, Мерион Ремзи, Лесли Истербрук, Џорџ Гејнс и други.
Џорџ Гејнс кој во овој серијал го играше ликот на командант Ласард, почина неодамна на 99 годишна возраст на 15 ,февруари.
Режисер на филмот е Џери Парис кому ова му бил последниот филм во кариерата . Починал само десет дена по премиерата на филмот во кино салите , на 31март, 1986 година.
НОВИОТ ДОМ
На второто место според гледаноста во март, 1986 година се наоѓа комедијата „Новиот дом“ на режисерот Ричард Бенџамин во кој главните улоги ги толкуваат Том Хенкс и Шели Лонг.
Главни јунаци во оваа комедија се Волтер Филдинг и Ана Кровли, млада брачна двојка кои се пресреќни што купиле една куќа по мошне ниска цена. Но, нивната радосрт трае сосема кратко откако куќата ќе започне да се руши дел плдел. На крајот таа ќе се сруши до темел па тие ќе мораат да ја обноват од темел, но и обновата ќе се покаже како тотално промашување.
Филмот поминал мошне добро на кино благајните заработувајќи вкупно 37, 5 милиони долари.Инаку буџетот на филмот изнесувал 10 милиони долари.
Том Хенкс десетина години подоцна ќе стане добитник на два едноподруго оскари за најдобра машка улога во 1994 и 1995 година, а неговата партнерка од овој филм Шели Лонг понатамошната кариера ќе ја пренасочи во телевизиски серии и телевизиски филмови.
ГАНГ ХО (ЕНТУЗИЈАСТ)
Кога една западна фабрика за автомобили од Пенсилванија ќе биде превземена од една јапонска компанија за автомобили, автоработникот за посредување Лов Стивенсон се соочува со судир на две корпоративни култури. На едната страна е јапонскиот менаџер од централата а на другата се наоѓаат голем број на незадоволни долгогодишни членови на синдикатот кои се спротиставуваат на новите контроли од страна на јапонците.Вака одприлика изгледа приказната на филмот коа се наоѓала на третото место на најгледаните филмови во март 1986 година, со вкупна заработка од 36,6 милоиони долари.
Филмот е во режија на Рон Хауард а главните улоги ги толкуваат Мајкл Китон и Гет Ватанабе.
Успехот на филмот беше причина да се реализира и тв серија од неколку епизоди во која такаречи сите актери од Азија ги репризираа своите улоги и во телевизиската серија.Филмот доживеа голем успех иво кино салите во Австралија каде имаше наслов „ Работничка класа“
Три години подоцна актерот Мајкл Китон ќе стекне планетарна популарност по настапот во филмот „ Бетмен“. Изминатата година тој настапи во филмот„ Човекот птица “ а оваа година е актуелен со оскаровскиот филм „ Под лупа“ .
СОБА СО ПОГЛЕД
Еден од најпознатите филмови од британската кинематографија „ Соба со поглед“ во 1986 тата година беше еден од најгледаните филмови во месец март со вкупна заработка оф 20,9 милиони долари.
Во филмот на режисерот Џејмс Ајвори настапуваат неколку актери кои подоцна ќе станат големи ѕвезди на англискиот филм:Хелена Бонам Картер, Дениел Деј Луис , Меги Смит, Делхолм Елиот и Џулиен Сендс.
Младата и богата Англичанка Луси Хонејчрч и нејзината роднина Шарлота Бартлет како туристки престојуваат во Италија, но тие се незадоволни од престојот бидејќи се сместени во една соба која нема поглед. Господинот Емерсон и неговиот син Џорџ, двајцата неконвенционални припадници на граѓанскиот сталеж, љубезно ќе им ја одстапат својата соба со поглед, што ќе биде причина во следните денови Луси и Џорџ да се зближат. Кога ќе се вратат во Англија, Луси ќе истрае во одлуката да се омажи за својот свршеник Сесил, но сето тоа ќе се измени со ненадејното доаѓање на Емерсоновите во нивниот крај…
Филмот освои Оскар за најдобро адаптирано сценарио , сценографија и костимографија , а имал номинации и за најдобар филм, режија, фотографија , споредна машка и женска улога.
Хелена Бонам Картер нешто подоцна ќе стане сопруга на познатиот режисер Тим Бартон со кого ќе соработува во такаречи сите негови филмови се до нивната разделба , додека Дениел Деј Луис ќе стане единствениот актер во историјата на Оскарите кој ќе освои три Оскари за главна машка улога.
ЗАСПАНАТА УБАВИЦА
„Заспаната убавица“ е првиот цртан филм на компанијата Волт Дизни кој е снимен на спектакуларнит 70 милиметарски формат, што на филмот му дал посебен изглед на сликата. Се работи за адаптација на познатата бајка на францускиот писател Чарлс Перол која извонредно е прилагодена на филмскиот медиум и вкусот на децата, со извонредна музичка позадина на композиторот Петар Илич Чајковски( од истоимениот негов балет), со мошне добро изразени ликови и добро развиено дејствие. Интересно е дека заспаната убавица, главниот лик во филмот , во него се појавува во само 18 минути во текот на дејствието кое трае преку 70 минути.
Филмот како режисер го потпишува Клајд Џероними. „ Заспаната убавица“имал буџет од 6 милиони долари и бил произведен во 1959 година кога заработил 51,6 милиони долари. Ви 1986 година бил повторно пуштен во редистрибуција и успеал да заработи уште нови 15 милиони долари. Со ваквата заработка се нашол на петтото место на најгледаните филмови во март, 1986 година.
Инаку , во таа 1986 година топ листата на петте најгледани филмови изгледала вака:
1.ТОП ГАН 176 милоини долари
2. КРОКОДИЛОТ ДАНДИ 174 милиони долари
3. ВОД 138 милиони долари
4. КАРАТЕ КИД , втор дел 115 милиони долари
5.ЅВЕЗДЕНИ ПАТЕКИ, ПАТ КОН ДОМА 109 милиони долари
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк