Во склоп на активностите за одбележување на Светскиот ден на срцето, ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања –Охрид, во просториите на Црвен крст Охрид, одржа предавање на тема кардиоваскуларни заболувања.
Презентацијата беше насочена кон запознавање на населението со кардиоваксуларните заболувања, нивните симптоми, дијагностички прегледи како и третман и терапија.
Посебно внимание беше посветено на едукација за зголемениот ризик од компликации на Covid 19 кај пациентите со кардиоваскуларни заболувања и давање на препораки за заштита и подобрување на квалитетот на животот кај оваа група на пациенти.
Публицитет.мк