Со свечена седница која ќе се одржи денеска напладне во големата сала во општина Охрид, Локалната самоуправа и ОО на Сојуз на борци од НОАВМ на Охрид и Дебарца ќе го одбележат 11 Октомври – Денот на народното востание на Македонија.
Во недела на 11 Октомври во делегација од општина Охрид ќе положи свежо цвеќе на спомен – обележјата од НОБ во спомен – паркот на Револуцијата и на Градските гробишта.
Публицитет.мк