al palpojo 2020

Тикер

04 Февруари 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на државниот свечен настан и одбележувањето по повод раѓањето на Гоце Делчев.

02 Февруари 2023

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и Амбасадорот на Република Италија Н.Е Андреа Силвестри и Војниот Аташе за одбрана на Италија, г-дин Стефано Анџиони, во присуство на раководителката на Секторот Шумска Полиција, Аница Симеоновска и командирот на шумско-полициската станица Горан Трајков, денеска лично им ги врачија униформите и опремата на шумските полицајци од шумско-полициската станица во Штип. Овој настан е само продолжение на успешната реализација на договорот за донација на униформи и опрема, за потребите на македонската Шумска полиција, од страна на италијанските Карабинери.

01 Февруари 2023

Црвен крст -Охрид започнува со уписи за пролетниот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“ преку која деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго.

28 Јануари 2023

Третата зимска школа не само што овозможи над четириесет странски македонисти од четири континенти да ги унапредат своите знаења од областа на македонистиката, туку и ги поттикна да продолжат со нивната посветеност, со решеност: подготвени сме и натаму да бидеме амбасадори на Македонија, македонскиот јазик, литература и култура. Уште еднаш се потврди дека и во времето што е пред нас, македонскиот јазик, литература и култура, силно ќе одекнуваат низ светот, а со нив и вистината за нашата татковина. Поезијата на Ацо Шопов доби нови вреднувања, толкувања и преводи преку прочитот на странските македонисти од напреднатото рамниште.  

27 Јануари 2023

Oчигледно ДПМНЕ ја презеде локалната власт само за да обезбеди лични комодитети и уживања на своите послушници. Од сите ветени проекти, ДПМНЕ еве веќе нешто повеќе од една година ги исполнува доследно проектите за зголемување на цените на Јавните претпријатија во градов, рече на прес Јован Крлев, портпаролот на СДСМ - Охрид.

27 Јануари 2023

„И оваа, 2023 година е обезбеден континуитет на реализацијата на програмите и проектите во културните установи, на платите на вработените во културата и на заштитата на културно-историското наследство. Направивме структурни измени во буџетот за 2023 година, со што се предвидени 1 милион евра повеќе за плати во културата за разлика од минатата година, додека се зголемени и блок-дотациите за општините од 6 на 6 и пол милиони евра поради зголемување на платите на вработените и на материјалните трошоци во локалните установи од областа на културата, како и капиталните дотации за општините од 1 на 20 милиони денари.

25 Јануари 2023

Старт-ап центарот Касарна Хаб Охрид во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој и Швајцарија, преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, организираат информативен настан за предизвикот:„СО ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА ДО ИНОВАЦИЈА“.

23 Јануари 2023

По повод официјално отворање на Касарна Хаб, Стелар Солушнс беше домаќин на 17 амбасадори и претставници на амбасадите предводени од шефот на Делегацијата на Европска Унија во Скопје - амбасадорот Дејвид Гир.

19 Јануари 2023


ОХРИЃАНИ МАСОВНО И НА СПЕКТАКУЛАРЕН НАЧИН ГО ОДБЕЛЕЖАА ВЕРСКИОТ ПРАЗНИК БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ.СИЛНИОТ ВЕТЕР И БРАНОВИТЕ НЕ ГИ СПРЕЧИЈА ИЛЈАДНИЦИТЕ ВЕРНИЦИ ОД ОХРИД,ЗЕМЈАВА И ВО МАЛ БРОЈ ОД СТРАНСТВО ДА ПРИСУСТВУВААТ НА ПОЛОЖУВАЊЕТО НА СВЕТИОТ КРСТ ВО ВОДИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПО КОЈ ЗАПЛИВАА ОКОЛУ ТРИСТА МЛАДИ ЛИЦА.НАЈСРЕЌЕН БЕШЕ ДЕВЕТНАЕСЕТ ГОДИШНИОТ,ВАСКО ДОВЛЕВ,КОЈ ЗА ПРВ ПАТ ГО ФАТИ КРСТОТ.

19 Јануари 2023
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за правда Никола Тупанчевски и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, денеска во Охрид присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник, Богојавление – Водици.
Страница 11 од 719

Омнибус

24 Мај 2023

Почина кралицата на рокенролот Тина Тарнер

Тина Тарнер, една од најдобрите музички изведувачи на сите времиња, почина денес на 83-годишна возраст.
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter