al palpojo 2020

Тикер

17 Јануари 2023

На вчерашниот состанок на Ротари Клубот Охрид, раководството и членовите на клубот имаа чест и задоволство да бидат домаќини на Гувернерот на Ротари дистриктот 1912 кој го сочинуваат клубовите од Словенија и Македонија, Г-динот Раде Христовски од Ротари Клубот Битола.

17 Јануари 2023

Под мотото: „Предизвици во работата на домовите - низ дијалог до напредок" од 10 до 12 јануари во Белград, Србија  се одржа основачката Конференција на заедницата на ученички и студентски домови на Југоисточна Европа.

16 Јануари 2023

Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст -Охрид ќе биде вклучен со тниза активности од областа на здравствено-превентивната дејност.

14 Јануари 2023

Таканаречените забрзани климатски промени кои се резултат на човековото несовесно однесување придонесоа за постојаното зголемување на температурата на Охридското Езеро што негативно влијае врз живиот свет во него. Состојбата со Преспанското Езеро е далеку полоша, бидејќи тоа со години наназад бележи драматично намалување на водниот потенцијал. Според научните работници ваквите состојби предизвикуваат значајни промени во екосистемите на двете езера...

10 Јануари 2023

Владата на Република Северна Македонија денеска на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.

09 Јануари 2023

Женски Центар ,, Бисера'' од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“, координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст, одржа уште една активност.

08 Јануари 2023

Со осветлувањето на илјадитиот крст на црквата „Свети Јован Канео“, професорот Зоран Тунтев го реализира проектот „Охрид-град на 1.000 крстови“. На овој начин создадовме уште една приказна по која ќе биде препознатлив градот, вели тој посочувајќи дека на овој начин се промовираат сакралните објекти кои ги изградиле нашите предци, потенцирајќи ја нивната генијалност и љубов кон Бога …

04 Јануари 2023

Уште една охридска легенда го напушти овој свет. Замина во вечноста проф. д-р Наум Целакоски, познат најнапред како професор по македонски јазик во Охридсата гимназија, потоа како долгогодишен директор на Историскиот архив во Охрид и на крајот од својот работен век, како професор по културно наследство и декан на Факултетот за туризам во Охрид, напиша на својот Фејсбук профил м-р Димитар смилески, негов пријател и близок соработник. Во објавата на м-р Смилески стои запишано: 

03 Јануари 2023

Недостигот од висококвалификувани кадри за успешно функционирање на индустриските капацитети во охридскиот регион создадоа партнерски однос помеѓу образовните институции и компаниите со цел да се надмине сегашната состојба. Основа за здраво партнерство е дуалното образование кое што одамна дава извонредни резултати во западноевропските земји.се чини дека тоа е единствениот пат за да се обезбеди квалитетна работна сила каква што посакуваат странските инвеститори...

30 Декември 2022

Правилното менаџирање со безбедноста, кое директно се поврзува со критичните инфраструктури бара избалансираност, заеднички напор и висок степен на соработка на клучните субјекти за остварување на примарните цели на безбедносниот систем на државата. Тоа е еден од фундаментите на кои се темели безбедноста на модерните општества, поради што е неопходно што поскоро донесување на Закон за критична инфраструктура, особено по последните закани врз училиштата во земјава и регионот...

Страница 12 од 719

Омнибус

24 Мај 2023

Почина кралицата на рокенролот Тина Тарнер

Тина Тарнер, една од најдобрите музички изведувачи на сите времиња, почина денес на 83-годишна возраст.
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter