al palpojo 2020

Тикер

16 Август 2023

Вечерва во 19:00 часот во просториите на Касарна Хаб Охрид ќе биде отворена изложбата на победничките фотографии од глобалниот конкурс „Вода=живот“ организиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.

14 Август 2023

Неделава, во Охрид ќе започне 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). На Школата којашто ќе трае до 31 август ќе учествуваат околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави – посветеници на македонскиот јазик, литература и култура. Пријавени се семинаристи од НР Кина, САД, Република Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Руската Федерација, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и Чешката Република. Составот на учесниците уште еднаш потврдува дека се остварува определбата на МСМЈЛК при УКИМ, македонскиот јазик да одекнува насекаде низ светот.

12 Август 2023

Во натпревар во кој буквално во целиот негов тек не беа создадени ниту една шанса за гол ниту од домашните ниту од гостите, домаќините единствената шанса што им се укажа при крајот од натпреварот ја искористија и на охриѓани уште на стартот од новото првенство им го нанесоа првиот пораз.

12 Август 2023

Наши сограѓани, читатели на Публицитет.мк вечерва ни испратија фотографии од депонијата Буково со коментар дека од таму пак се извива густ чад и како што ни напишаа неподнослива миризба. 

10 Август 2023

Утре 11 август од 17 часот до полноќ Младински Центар - Охрид  најавува богата програма во пресрет на Светскиот ден на млади 12 август.

09 Август 2023

Иван Антоновски е автор на расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ под шифра: „Обид на македонистот“, кој од страна на комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, м-р Перчо Божиновски, член и доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, член, беше избран за најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“.

08 Август 2023

Денеска од 12.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се случи промоција на книгата за деца „Продавница за чудни миленичиња“ од  д-р Елена Обухова. Се работи за првото прозно дело за деца од авторката Обухова (прво излегување од рамките на научната литература во уметничката). Авторка на илустрациите е писателката Обухова, а корицата е дело на Обухова и Катерина Влаќеска.

06 Август 2023

„Со носењето на Општиот колективен договор, по цели 15 години се обезбеди системско решение коешто го осигурува континуираниот раст на платите. Заеднички со синдикатите дојдовме до прифатливо решение кое нема да зависи од волјата и желбата на ниедна политичка партија и сега или кога било. Извојувавме заедничка победа со работниците и ги решивме децениските проблеми“, изјави премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за МИА, во врска со носењето на Општиот колективен договор.

04 Август 2023

Деновиве, особено во вечерните и раните утрински часови, во Охрид и пошироката околина видлива е заматеност во воздухот и се чувствува непријатен мирис на чад, неофицијално, предизвикано пред се од горењето на комуналната депонија во Буково, велат од Центарот за јавно здравје од Охрид. 

02 Август 2023

Земјата е исправена пред одлучувачка одлука - европска иднина или слеп балкански колосек. Од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска - порача државниот врв на Илинден.

Страница 4 од 726
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter