al palpojo 2020

Тикер

02 Август 2023

Во организација на Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008 Охрид, а под покровителство на Советот на општина Охрид, традиционалнао денеска (среда) ќе се одржи 44-от Илинденски пливачки маратон на патеката Горица - Охрид во должина од 2,5 км.

30 Јули 2023

По извршената делумна санација на цевководот и препумните станици колекторскиот систем задоволително ја извршува својата функција. Има дефекти кои иако се отстрануваат во најкус рок сепак предизвикуваат загадување на езерото со отпадни води. повеќе од една деценија се зборува дека е потребна негова целосна рехабилитација, но и доизградба за Охридското езеро да биде целосно заштитено..

27 Јули 2023

Книгата „Боите на мојата музика“ од авторите Снежана Анастасова – Чадиковска и Марко Коловски ќе биде промовирана денеска во рамките на програмата на 63-тото издание на фестивалот „Охридско лето“.

26 Јули 2023

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство за високите температури и усвои соодветни мерки и препораки со важност за следните два дена, а со цел намалување на ризиците од високите температури согласно Акцискиот план на Министерството.

21 Јули 2023

Меморандумот за соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” - Охрид и Јавната научна установа Хидробилошки Завод - Охрид денес беше потпишан од Проректорката на Универзитетот, проф. д-р Устијана Речкоска- Шикоска и Директорката на Хидробилошкиот Завод, научен советник, д-р Орхидеја Тасевска.

19 Јули 2023

Владата на Република Северна Македонија вчера одржа две тематски седници и една редовна седница.

19 Јули 2023

     Проректорката за меѓународна соработка на УИНТ "Св. Апостол Павле", Проф. д-р Устијана Речкоска-Шикоска,  беше домаќин на Високата претставничка, г-ѓа Ана Лирман,  Министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија, во соработка со  г-дин Зоран Мартиновски, Претседател на менаџмент консултантската компанија „PrimePoint Partners“ и  г-дин Давид Оберхугер Директор на ГИЗ – Германското друштво за интернационална соработка, како и претставници од неколку стејкхолдери.

16 Јули 2023
Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ денеска, на наплатната рампа Прешево го промовираа заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините.
16 Јули 2023

Црквата „Света Софија“ вчеравечер беше претесна да ги прими љубителите на класичната музика кои сакаат да го проследат концертот на романската виолинистка Ирина Муресану и  оркестарот „FAMES“ од Република Северна Македонија.

15 Јули 2023

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во Предворјето на црквата „Света Софија“  беше изведена монодрамата „ Бикот на Фаларис-Решавање на загатката на прекрасниот голем свет“ напишана и изведена од Стивен Фридман.

Страница 5 од 726
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter