Тикер
Правилното менаџирање со безбедноста, кое директно се поврзува со критичните инфраструктури бара избалансираност, заеднички напор и висок степен на соработка на клучните субјекти за остварување на примарните цели на безбедносниот систем на државата. Тоа е еден од фундаментите на кои се темели безбедноста на модерните општества, поради што е неопходно што поскоро донесување на Закон за критична инфраструктура, особено по последните закани врз училиштата во земјава и регионот...
СДСМ - Охрид: Општината со ВМРО ДПМНЕ повторно скрои Буџет на трансакции, манифестации, фестивали...
За да говорите за проекти кои носат развој треба да знаете да ги реализирате. Само ако ги реализирате, граѓаните ќе го видат и почувствуваат развојот кој очигледно е само во Вашите глави, илузии и замисли. Но тоа за Вас не е својствено, она што најдобро го знаете е да навредувате, клеветите, омаловажувате и да губите време во барање виновник за Вашата неспособност, стои во реакцијата на ОО на СДСМ по како што велат дрскиот напад на опозициските советници и нивните коалициони партнери.
Нуркаите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид во Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка и на сите граѓани на Република Македонија им ја честитаат новата 2023 година.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски упати писмо со честитки до д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ кој денеска го прославуваат верниците на Католичката црква.
По повод искажаните невистини вчера на седницата на Советот на општина Охрид, а во врска со работењето на ЈП „Билјанини Извори“ и наводното неплаќање на ДДВ од страна на претходната директорка Гордана Јованоска, денеска со реакција до медиумите се јавија од СДСМ - Охрид. Во реакцијата се вели:
Жарко Куциноски, директор на Државниот студентски дом „Никола Карев“ од Охрид денеска во Белград во амбасадата на Република Северна Македонија, заедно со колеги од тамошниот Ученички дом „Милутин Миланковиќ“ имаа средба со Михаела Веселинов, македонска амбасадорка во Србија.
Со енергетска ефикасност на објектот, набавка на ехокардиографски апарат и дигитализација охридската Специјална болница за кардиологија ќе нуди поквалитетни здравствени услуги, кои треба да овозможат и развој на здравствен туризам. Реализацијата на проектот вреден триста деведесет и пет илјади евра ќе започне на почетокот на наредната година...
Настан за паметење проследен со бурни овации и ракоплескања од страна на публиката донесе синоќа новогодишниот концерт со светски познатиот квартет „Диогенес“ во организација на фестивалот „Охридско лето“.