Тикер
Женски Центар „Бисера“ од Охрид, денеска во простории на ресторан Белведере, Кај Четкарон, со почеток во 18 часот, организира предавање на тема: ,,Наследство и тестамент''.
На еден од најголемите интернационални Бреинобреин натпревари, на светскиот БОБ натпревар, кој на 26 ноември се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, на кој преку 10000 деца од 44 земји од светот се натпреваруваа во стекнатите вештини и мултитаскинг техниките од БРЕИНОБРЕИН програмата, сите 6 деца-натпреварувачи кои ја следат БРЕИНОБРЕИН програмата во охридскиот Центар за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, освоија вредни награди и признанија.
Локалната самоуправа и понатаму удира по џебот на граѓаните. Затскривајќи се зад енергетската криза продолжува да ги зголемува цените на услугите на јавните претпријатија во градов. Сега на ред е ЈП Градски пазар. На седницата на Совет во понеделник треба да добие амин од градските избраници на ВМРО ДПМНЕ за да им ги зголеми цените на закупците и на останатите корисници на услуги. И тоа за околу 25%, вели во изјава за медиумите портпаролот на СДСМ - Охрид, Јован Крлев.
Претендентот за пласман во Првата Лига екипата на Воска успеа да дојде до победа за нив во еден од најважните натпревари за задржување на шансите и да остане во чекор со Вардар и Гостивар за остварување на целта а тоа е пласман во повисок ранг на натпреварување.
Од утре - недела под влијание на студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со опаѓање на температурата на воздухот.
Во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица вчера во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид беа членови на координативното и оперативното тело на програмата Грижа за стари лица „Најди време“ од Црвен крст – Охрид.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска во Охрид го посети семејството Тодороски, кое има инсталирано кровна конструкција на фотоволтаици за сопствено производство на струја на приватен семеен објект куќа. За време на посетата членовите на ова домаќинство со премиерот го споделија позитивното искуство од инсталираните панели и намалените трошоци за потрошената енергија на дневно ниво за потребите на ова семејство.
СДСМ продолжува со серијата граѓански трибини каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава,оваа сабота во 20ч. во Дијамантската сала на Хотел Инекс Олгица.
Од 11 до 13 ноември, во организација на МТКФ (Македонска традиционална карате федерација), во Скопје се одржа 21-то Светско првенство во традиционално карате.