al palpojo 2020

Тикер

07 Јануари 2016

Од вкупно 13 неработни денови за сите граѓани, три се поврзуваат со викендот.

06 Јануари 2016

За многу години - среќен Божик - Рождество Христово 

Божиќ е празник полн со симболика. Без разлика дали во вашиот дом Божиќ е традиција или сега ја учите симболиката што треба да биде почитувана, немојте да заборавите дека суштината на Божиќ е во љубовта, простувањето и милосрдието, а не во формата, која секако е одраз на суштината, но која ништо не значи доколку не го шири духот на љубовта и милосрдието.

1>

Кај нас при славењето на Божик многу нешта и денес се разликуваат од место до место, но Божик е незамислив без Бадник, бадниковото гранче, слама и божикната погача.

Бадник го најавува Божик, тогаш семејството се собира и се подготвува за прослава на најрадосниот христијански празник. Бадниковата вечера, на која можат да присуствуваат само членови од семејството, мора да биде посна, но богата. Се верува дека кој ќе остане гладен оваа вечер ќе биде гладен цела година.

По бадниковото гранче се оди рано изутрина. Обично тоа треба да го направи машкиот дел од семејството. Гранчето го симболизира дрвцето што овчарите го донеле за пештерата да се загрее за малиот Христос. Според некои верувања, пак, бадниковото гранче го претставува и го навестува дрвото на крстот на Христос. Во урбаните средини овој обичај обично се негува со собирање дабови гранчиња заврзани во букет.

Сламата ја симболизира онаа на која Христос бил положен кога се родил. Се става под масата, а на сламата се ставаат слатки, подароци и играчки за децата.

Според традицијата, оној гостин што прв ќе влезе во вашиот дом, рано наутро на Божик, посебно се дочекува со радост и со дарови. Симболично, тој ги претставува мудреците што дошле да се му се поклонат на Христос во пештерата. По верувањата, овој гостин целата следна година ќе носи среќа во тој дом.

Божикната погача се меси рано наутро и во неа се ставаат златни, сребрени или обични парички. Домаќинот на куќата е задолжен за кршење и делење на погачата, а секому на масата му се дава по парче. Оној што ќе ја пронајде паричката се верува дека ќе има среќа цела година.

Публицитет.мк 

 

06 Јануари 2016

Бадник со свечена, празнична молитва денеска го прославија и верниците во Пештани. 

06 Јануари 2016

Светата црква, посебно на овој ден, нè повикува да покажеме добра волја и да го градиме и да го чуваме мирот со сите народи. Исполнети со божиќната радост, да учествуваме во јакнењето и на духовното и на националното единство меѓу нашиот народ, без разлика каде живееме – во татковината или раселени по светот, стои во божиќната порака на г.г. Стефан до граѓаните.

Настанот од она рано утро во Витлеемската пештера е исполнување на сите надежи и очекувања, на сите пророштва и ветувања низ вековите. Во тој настан се содржи сета вера на претходните, на сегашниве и идните генерации. Голема е таа тајна: на тој ден се сретнавме, Го видовме Бога и Го примивме Бога. Бог постана човек – не престанувајќи да биде Бог, за да може човекот да се обожи – не престанувајќи да биде човек. Бестелесниот Бог прими човечко тело, Невидливиот постана видлив, Надвремениот означи начало на новото време, Синот Божји постана – Син човечки. Со Христовото рождество, за родот човечки се отвори рајот, небесата се распростреа по земјата и небесното се соедини со земното, стои во божиќната порака на г.г. Стефан.

Во неа се потенцира дека Рождеството Христово е празник на небоземната радост во која учествуваат ангелите и праведниците и сите кои се исполнети со спасоносната светлина.

-И ние како дел од сеправославната заедница, прилика е да се испитаме во верата – и колку ја знаеме и колку ја живееме. Светата Црква, посебно на овој ден, нѐ повикува да покажеме добра волја и да го градиме и чуваме мирот со сите народи. Исполнети со Божикната радост, да учествуваме во јакнењето и на духовното и националното единство меѓу нашиот народ, без разлика каде живееме – во Татковината или раселени по светот. 

„Со своето човекољубие и богољубие, да покажеме дека и во нашите души има место за витлеемскиот Богомладенец. Прославувајќи го Божиќ, да им се придружиме на сите кои го препознаа и го примија родениот во Витлеем – предвечниот Бог. Христос се роди! Честито и од Бога благословено новото лето“, пишува во пораката.

Чеситки за Бадник и за Божиќ со пораки за мир, благосостојба и за среќа до граѓаните испратија политичките лидери и државните функционери.

Публицитет.мк 

06 Јануари 2016

Над 200 деца  беа  дел од  свечената  поворката   што по повод големиот христијански празник Божиќ трета година по ред  се одржува во Охрид.  Со торбички за дарови, фенерчиња, ѕвончиња и ѕвезди  во рака децата на   симболички начин  го навестија   Христовото раѓање.


 Рано утрото поворката од деца  тргна од пред храмот „Св. Георги“ во Горна Влашка Мала а точно напладне на градскиот плоштад  децата  ги пречекаа и даруваа со пригодни подароци, градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од локалната самоуправа и од Здружението за грижа и воспитување на деца. 

 


-Во духот на празникот оваа литија го симболизира самиот ден. Дечињата кои ги симболизираат ангелчињата го најавуваат  Христовото раѓање и во духот на старата изворна традиција ја пеат песната Вечниот Бог, што навистина наговестува чувства на среќа и радост онака како што всушност е целата симболика на празникот Божиќ. Дечињата во оваа поворка или Литија го надополнуваат чувството на сите православни Христијани во Охрид и на православните христијани  насекаде во Светот за радоста која што ја наговестува Христовото раѓање – рече градоначалникот Бакрачески и упати честитка до сите православни христијани по повод  големиот празник.


Би сакал да ја искористам оваа прилика да упатам честитки до сите граѓани на Охрид од православна вероисповед кои го слават празникот Божиќ , со желби за многу здравје , многу среќа за весели и радосни моменти во нивните семејства , во нивното опкружување, на работните места и  онаму каде што тие живеат и работат – додаде  градоначалникот Бакрачески.  


Летка Филипоска од организациониот дел на Литијата истакна дека   не е тешко да се организираат вакви настани ако сето тоа се прави со љубов и длабока верба кон Бога.


-Секое дете беше дарувано и со бадниково лепче , кое што го симболизира Христос Богомладенецот , кој што се роди во пештерата на Витлеем. Благодарност и до сите што го помогнаа овој настан вака тожествено да го прославиме- рече Филипоска.


  Децата пеја божиќни песни минувајќи и низ охридската чаршија а во  храмот ,,Успение на Пресвета Богородица"-Каменско,  беа  пречекани  од старешината  кој ги дарува со свети крстиња а беше организиран и   заеднички ручек. 
Годинава општина Охрид на подарок од женскиот манастир во  Рајчица ја доби божиќната пештера која за празниците го краси градскиот плоштад во Охрид.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

05 Јануари 2016

 

Светската пливачка организација (ФИНА) ги одреди точните датуми на одржување на маратонските трки од Светскиот куп за новата сезона. 

05 Јануари 2016

Преподобен Наум Охридски Чудотворец бил еден од најблиските ученици и соподвижници на светите рамноапостолни Кирил и Методиј (спомен на 11/24 мај).

05 Јануари 2016

За изградба на експресниот пат Охрид – Пештани, за ски-центарот на Галичица и за туристичко-развојните зони во Љубаништа, Стење и Отешево е неопходно распишување на референдум во Охрид.

 Според информациите на порталот „Охрид Њуз“, граѓанските активисти, претставниците на здруженија на граѓани и еколошки организации го предложија овој демократски механизам за одлучување на денешната јавна расправа во однос на ревидираниот Извештај за стратегиска оценка на влијанието на животната средина на предлог измените на Планот за управување со Националниот парк Галичица. Сите тие денеска посочија дека туризмот на планината Галичица не смее да се темели на деструктивни проекти.

Од Градежниот институт „Македонија“ на денешната јавна расправа нагласија дека во ревидираниот извештај се вклучени мерки за ублажување на негативните последици, кои би настанале со евентуална реализација на владините проекти во Националниот парк Галичица. Една од мерките е да се прошири зоната на активно управување, со што паркот би се здобил со дополнителни 854 хектари. Лондонската консултантска куќа „Цитрус и партнери“ посоч на можноста за изградба на природни коридори за животните долж трасата на идниот пат Охрид – Пештани, со што би им се овозможило непречено движење на животните од планината кон Охридското езеро и назад.

Од Националниот парк Галичица денеска посочија дека измените на планот за управување со паркот се иницирани од владата. Граѓаните и сите правни лица имаат рок до 11 февруари за да ги достават своите писмени забелешки во однос на ревидираниот Извештај за оценка на влијанието на животната средина на предлог измените на планот за управување со Националниот парк Галичица. Истовремено, на Меѓународната петиција за спас на Охридското езеро од најавените проекти досега се потпишаа над 12.900 лица.

Извор: build.mk

04 Јануари 2016

Годинашново одбележување на празникот „ Богојавление- Водици“ , најмасовниот црковно народен собир на кој се осветуваат водите на Охридското Езеро , заедно  ќе го организираат Локалната самоуправа и Дебарско- кичевската епархија. За ефикасна организација на оваа традиционална црковно народна манифестација, денеска на иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески, беше формирано координативно тело.

Со координативното тело, како претставник  на Локалната самоуправа ќе раководи Сашо Донев, а   членови се Илија Ристески, претставник на Дебарско-кичевската епархија,Сашо Точков од Црвен Крст, Горан  Устијаноски од  Капетанијата на македонските пристаништа, Милутин Секулоски од  Нуркачкиот клуб „ Анфора“ , Драган Наумоски, капетан на бродот „ Александрија“, Митко Топенчаров ,поранешен фаќач на крст, Ристе Мишев како претставник на општинските јавни претпријатија, Петар Рупев, поранешен фаќач на крст,Горан Симјаноски од Брза помош, Стефан Димоски од Секторот за внатрешни работи, Никола Дуданов , поранешен кум  и Кире Думбалоски.

На масовното одбележување на „ Богојавление- Водици“ , годинава нема да има кум, а  ќе ги има традиционалните содржини како и досега, а организаторите очекуваат масовна посетеност од охриѓани, но и домашни и странски гости.

Извор: www.ohrid.gov.mk

04 Јануари 2016

Во среда на 13 јануари  традиционално ќе продефилираат сите маскирани низ улиците на Вевчани во рамките на годинашното издание на Вевчанскиот карневал.

Страница 709 од 736
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter