al palpojo 2020

Тикер

12 Декември 2015
Хаосот што Никола Тодоров и Никола Груевски го направија во здравството се случува и во Општата болница во Охрид.
12 Декември 2015

Во организација на „Вешта жена на Македонија“ вечерва од 19 часот во хотелот „Далјан“ во Охрид ќе се одржи манифестацијата „Вешта етно - жена“ . 

Претставнички од Охрид, Струга и Кичево ќе подготват по една етно маса со карактеристична храна од својот крај. Манифестацијата нема натпреварувачки карактер туку е можност уште еднаш жените да ја покажат својата докажана креативност и да се дружат. 

Во Охрид доаѓаат седумдесеттина жени од цела Македонија, водител на вчерта ќе биде познатата Ирена Спировска, а гостинките ќе ги забавува Јоце Панов. 

Влезот е бесплатен , а менито чини само 200 денари. 

Публицитет.мк 

 

11 Декември 2015

Работната сесија во рамките на Проектот на УНЕСКО и ЕУ за заштита на природното и културното наследство на Охридскиот регион што траеше од 7-10 декември резултираше со објавување на Базичната студија и проценка за состојбата и вредностита на албанската страна на регионот на Охридското езеро , со идентификување на специфичните потреби на регионот, предлог границите за опфат на заштитеното подрачје како и со изработка на сценарија за можната состојба на регионот после 20 години во зависност од тоа дали ќе се превземат мерки за управување или ќе се набљудуваат состојбите кави што се.

Во рамките на сесијата се изготви и предлог Визија за вредностите на охридскиот регион која уште еднаш ги потенцира вредностите од природен и културен аспект , потребата за нивна заштита и промоција зад кои цврсто застанува УНЕСКО. Во завршните зборови преставникот од македонска страна Дејан Пановски потенцираше дека како позитивни дејства се воспоставувањето прекугранични тела, контактот со Унеско прку Националните комисии и донесените закони и менаџмент планови кои се добра основа и бедеми за заштита на езерскиот регион.

Тој ги потенцираше и големи предизвици и забелешки околу несоодветната урбанизација, деградацијата на крајбрежието по целата линија на двете страни, (не)грижата за рибниот фонд и односот кон цвстиот отпад за што решението мора да се бара преку зајакнување на институционални механизми и секако зајакнување на инспекцискиот систем.

Од страна на учесниците беше нотирана важноста за инволвираноста на локалните самоуправи ви сите процеси на заштита и промоција на регионот, како и квалитетна обука на кадри за имплементација на тој процес па дури и до предлог за воведување на студии за управување со наследството. Визијата за Охридскиот регион како уникатна природна и културна вредност недвосмислено мора да опстои и да се надградува.

Публицитет.мк 

10 Декември 2015

Од следната година на Универзитетот за странски студии во Пекинг ќе започне со работа катедра по македонски јазик.

10 Декември 2015

Во текот на вчерашниот ден, во просториите на општина Охрид, Комисијата за родова еднаквост при Советот на општина Охрид одржа седница во рамки на меѓународната кампања „16 дена активизам за борба против насилство врз жените“. На седницата присуствуваа претседателката на Советот на општина Охрид, советнички од Советот, портпаролот на СВР Охрид, претставници од Центарот за социјални грижи – Охрид, од Црвен крст – Охрид и од НВО Опција Охрид. Секој од присутните се вклучи во дебатата, што се одвиваше на тема „Семејно насилство и насилство врз жената“, со гледишта од свој аспект, при што беа разменети многу информации, искуства и сознанија, а покрај тоа беа наведени и доста статистички податоци за бројот на жртвите на семејно насилство и насилство врз жените за тековната и минатата година. Од податоците беше согледано дека жртвите пред се се’ жените, потоа децата, а на крај мажите. Најчесто употребуван метод е физичката сила, а има и случаи со употреба на ладно оружје. Причината поради која доаѓа до насилство се нарушените брачни односи, но има и доста случаи каде сторителот е во алкохолизирана состојба.

Во рамки на дискусијата беа увидени предностите и недостатоците на институциите кои се занимаваат со оваа проблематика. Едногласно беа констатирани следните заклучоци:

Преземање мерки на релевантните институции за итно отворање на шалтер центар, каде би се згрижиле жртвите на семејно насилство и каде би функционирал мултисекторски тим.

Формирање на Совет за превенција во рамки на општина Охрид

Поагресивна кампања, со организирање на работилници со населението, посебно во руралните средини, за борба против семејното насилство и насилството врз жената

Кампања меѓу населението со печатење на флаери и брошури

Организирање на предавања од стручни лица во училиштата и градинките, со вработените, а посебно со педагозите и психолозите за навремено препознавање на деца – жртви на семејно насилство

Организирање предавања со учениците од стручни лица за причините и последиците од семејното насилство и насилството врз жената.

 

Комисијата ја презеде одговорноста за сите потребни активности околу реализацијата на горенаведените заклучоци, како и буџетот за наредната година да го креира на тој начин што во финансискиот план ќе ги предвиди сите трошоци кои ќе произлезат.

Извор: www.ohrid.gov.mk

10 Декември 2015

Смарагди и злато во неверојатно количини: пред брегот на Колумбија истражувачите пронајдоа остатоци од легендарен брод. Но, уште пред да биде извлечено богатството, се јавија многу наследници.

08 Декември 2015

До кога незнајци ќе го сакате незнаењето? До кога бујните ќе се насладуваат на бујноста? До кога глупавите ќе го мразат знаењето?- цитат од Бибилијa, изреки Соломон, син Давидов. 
Буква пред буква, збор по збор- реченица, Библија, цело творештво, пренесувано од колено, на колено, преку лист вградено во еден Универзитет од кој ќе се расее писменоста и од каде животот ќе добие друга духовна и културна димензија. Божја воља да неговата мисија ја оствари токму во нашиот вечен град, градот кој со неговото битисување во него, од него доби заштитник и севременски Патрон. 
Охрид, вечен да е. Св.Климент-Охридски- вечен да е.

Почитувани охриѓани, драги гости... 

Тука сме да го чествуваме светителот, творецот, учителот, епископот, Патронот кој животот го посветил на творбата, на обичниот човек, на описменувањето, богослужбата и богољубието во симбиоза. 
Колку неговите погледи биле далекусежни, колку неговата мисија била, e и ќе биде надвременска можеме да слушнеме, прочитаме, почувствуваме насекаде околу нас, ... во погледот на нашите деца, во нивните први обиди да го напишат сопственосто име, името на државата, во можноста своите чувства да ги нанижат во стих, во ракописите на писателите, во текстот кој се пренесува преку секој измислен низ децении наназад медиум, па се до погледот од од него основаната триконхосна црква, преку бисерното сведочно езеро, кон духовниот дом на неговиот содеец и духовен брат Наум. 
Епископот кој никогаш не бил виден да се одмора, додека низ од него создадениот универзитет се раѓале неговите наследници, на полињата на возрасните ги подучувал на калемење овошки, на сточарство, риболов и на се она што значи живеење во духот на Бога и чување на бисерите на Светиот Дух: љубов, спокој, добрина, толерантност, кротост, милосрдие, воздржаност, вера и радост.

Колку само е Охрид благословен по неговото доаѓање, творење, учителствување, градење, воспоставување и чување на културата, па се до неговото упокојување и вечен дом во неговата утроба. 
Ни даде толку многу што не задолжи со генерации и генерации на вечно следење, поклонение, чување на неговото, нашето Свето писмо, Библија, збор, работа над мрзоволието, живот по заповедта на Севишниот, се до поклонението пред неговите свети мошти и понесување на духот на патронот низ нашиот сопствен животен пат. 
НЕГОВАТА МИСИЈА КОДИРАНА ВО НАШАТА ЖИВОТНА МИСИЈА.

Охриде, охриѓани. 
Нека е за многу години денешниов ден и нека неговата сеприсутност го штити овој град вечно.

СВЕТИ КЛИМЕНТЕ, 
ПАТРОНЕ, 
ТЕБЕ СЛАВА ТИ!!!

Извор: www.ohrid.gov.mk

08 Декември 2015

Празнувањата на Свети Климент Охридски, утрово започнаа со свечена литургија во Светиклиментовиот храм на Плаошник, со која чиноначалствуваше владиката Тимотеј. На свечената литургија со своите сограѓани, присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на гостите кои се во Охрид во чест на празникот.

Градоначалникот Бакрачески и претставници на општествено политички организации и институции, пред спомениците на светителот во ОУ “Св.Климент Охриски“ и на градскиот плоштад, се поклонија и положија свежо цвеќе. Во текот на денот, градоначалникот Бакрачески оствари протоколарни средби со делегациите на збратимените и пријателски градови.

Празнувањата завршуваат вечерва со свечена академија во НУЦК “Григор Прличев“, на која на ОО на Црвен Крст Охрид ќе му биде врачена годинашната награда “Свети Климент Охридски – патрон на Охрид“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

07 Декември 2015

Свечената академија, во чест на Свети Климент Охридски- Заштитникот на Охрид, ќе се одржи утревечер на 8 декември, во Центарот за култура „ Григор Прличев со почеток во 19 часот.


Свеченоста ќе започне со химната за Свети Климент  од Димитар Масески во изведба на хорот при ОСУ Св. Климент Охридски, а потоа пригодно обраќање ќе има градоначалникот Никола Бакрачески. Беседа за великото дело на светецот ќе одржи Проф. д-р Кирил Темков, а потоа градоначалникот Никола Бакрачески, на годинашниот добитник, Општинската организација на Црвен Крст, ќе  ја додели наградата Св. Климент Охридски- Патронот на Охрид.


Свечената академија ќе заврши со настап на најреномираната македонска етно група „ Синтезис“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

07 Декември 2015

Патрониот празник 8 Декември го слави и Основното училиште  ОУ „Св. Климент Охридски“ - Охрид

Свеченостите започнуваат вечерва од  18.30 часот во  Центар за култура „Григор Прличев“.

Страница 712 од 733
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter