Тикер
Денеска во употреба беше пуштена, целосно реконструираната улица „Питу Гули“ во Охрид, чија обнова не значи само поставување нов асфалт на коловозот, туку и целосно уредување на тротоарите, како и поврзување и одвојување на атмосферската од фекалната канализација.
На чп свечениот чин во обраќањето градоначалникот Никола Бакрачески рече: - Завршивме уште еден значаен проект за Охрид, реконструирана улица “Питу Гули“, еден од проектите финансирани од Светска банка, кој започна во април оваа година. Реконструкцијата на оваа значајна сообраќајна артерија за Охрид, опфаќа нова коловозна конструкција и изградба на тротоари по целата должина. Особено значајно е што локалната самоуправа дополнително се ангажираше за поставување на сливници за одводнување на коловозната конструкција и изградба на целосно нова комунална инфраструктура за споредните улици, со што во иднина ќе се одбегнат прекопи на коловозната конструкција, рeкол градоначалникот на град Охрид Никола Бакрачески
Целиот зафат на оваа значајна сообраќајна артерија во градот, долга 768 метри со ширина на коловозот од 7,5 до девет метри се одвиваше во четири фази. Улицата е прекриена со два слоја со високо квалитетен асфалт со вкупна дебелина од десет сантиметри. Изградени се и тротоари на двете страни од улицата, широки 1,8 до 2,2 метри.
Проект финансиран со средства обезбедени преку кредит на Светска банка, се предвидени за реконструкција на неколку поважни сообраќајници низ градот и околните населби, изградба на два кружни текови на булеварот „Туристичка“, од кои оној на пресекот со улица „Бистрица“ веќе е завршен и функционален, како и за набавка на пет нови возила за потребите на ЈП „Охридски комуналец“.
Општина Охрид најави и почетокот на градежните работи околу изградбата на кружен тек на улицата „Стив Наумов“, како и на најфреквентното место во градот - крстосницата на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улица „Македонски просветители“
За нас е очекувано плачењето на СДСМ од Охрид, затоа што секогаш кога на Охрид ќе му се случи убав проект, како што е новоизградениот плоштад, кој охриѓани со восхит го прифатија,тоа многу ги боли и плачат.
До каде оди неодговорноста на власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ покажува токму новата штотуку пуштена во употреба фонтана.
Министерството за здравство продолжува со инвестицискиот циклус во здравствена инфраструктура, во рамки на кој значителен број проекти се комплетно реализирани, започнати и во тек на реализација, а одреден број проекти ќе почнеме да ги реализираме во претстојниот период. Овие инвестиции се од особено значење имајќи предвид дека целокупниот квалитет на еден здравствен систем во голема мера зависи од квалитетот на инфраструктурата.
Денеска сакаме да Ве информираме за почетокот на еден крупен инфраструктурен проект, а тоа екомплетната реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, за која веќе е објавен тендерот за градежни работи. Во средина на октомври ќе почнат градежните работи и очекуваме реконструкцијата да биде комплетно завршена во рок од 18 месеци, односно некаде до април 2017 година.
Станува збор за вкупна инвестиција вредна 215 милиони денари. Проектот опфаќа реновирање и адаптација на постојниот објект на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Охрид Св. Еразмо – Охрид, а вклучувајки ги и потребите на Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.
Целта е со оваа реконструкција да овозможиме сериозно унапредување на стандардите и условите за работа, како и зголемување на капацитетите за дијагноза и третман на пациентите.
Инаку, оваа болница датира некаде од 1950 година (кога функционирала во бараки), потоа во 70тите години бил изграден објект од поцврста градба, а веќе во 90тите години била изградена карабината врз основа на која во претстојниот период ќе се гради нова, најсовремена болница.
Комплетната реконструкција ќе опфати површина од вкупно 5.623 метри квадратни, кои ја даваат функционалната целина на објектот (2.191 метар квадратен на приземјето, 2.061 метар квадратен на прв кат, 1.370 метри квадратни на втор кат).
Инаку, првата фаза од проектот опфаќа доградба на централната-стара болничка зграда и карабината. Предвидено е да се реновираат и реорганизираат амбулантите, лабораторијата, стерилизацијата, и другите дијагностичките содржини. Ќе бидат комплетно реновирани операционите сали со интензивната нега, како и болничките оддели со оформување тоалети во секоја соба.
Исто така, со доградбата на централната-стара болничка зграда, предвидено е во карабината да се имплементираат содржините кои се потребни на Заводот за кардиоваскуларни заболувања, и тоа:
– Адултна кардиологија со амбуланти, дијагностика и дневна болница
– Интервентна кардиологија со интензивна и полуинтензивна нега (која содржи оперативен блок со операциона сала за пејс-мејкер, ангиографска сала, сала за радиофреквентна аблација), како и простории за персонал
Како што знаете, стапката на кардиоваскуларни заболувања во изминатиот период е во пораст во глобални рамки и претставува водечка причина за смртност кај населението, така што од исклучително значење е да се унапредат условите за пружање третман кој е од животоспасувачки карактер.
Значајна карактеристика е што овој објект се наоѓа во еколошки чиста и незагадена средина, што дополнително го подигнува целокупниот квалитет на престојот во установата, така што со завршувањето на реконструкцијата очекуваме значително подигнување на квалитетот на здравствените услуги во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, како и во Заводот за кардиоваскуларни заболувања.
Извор: Министерство за здравство на РМ
Во чест на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, делегација од општинското раководство на СДСМ од Охрид, д-р Томислав Тунтев - претседател на ОО на СДСМ Охрид и пратеник, Александар Кузески - секретар на ИО на ОО на СДСМ Охрид и Славица Малеска - член на ИО на ОО на СДСМ Охрид, положи свежо цвеќе на спомениците на охридските револуционери во градскиот парк.
Во име на СДСМ, делегацијата и на овој голем празник им оддаде почит и признание на славните охридски борци за слобода од Илинденскиот период и од периодот на Народноослободителната борба, кои ги положија своите животи за слободна, независна и суверена Република Македонија.
Публицитет.мк
|
|
Ден на независноста на Македонија — државен празник кој се празнува во Македонија на 8 септември.
Празникот популарно е наречен и 8-ми Септември. Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.
Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ на 8 септември 1991 г. Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определил за градење суверена држава и Декларацијата за независност, на 24 јуни следната година Словенија прогласила независност. Веднаш по тој чин дошло до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир завршил за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.
Истиот ден заедно со Словенија, врз основа на одлука на Соборот независност прогласила и Хрватска. На 6 мај избиле нереди, а потоа дошло и до престрелки во и околу поморската база „Лора“ во Сплит. Прва жртва на немирите бил војникот Сашо Гешковски од Кавадарци, кој извршувал стражарска служба.
Сплитските настани биле почеток на зачестените инциденти и оружени пресметки меѓу силите на Југословенската народна армија и Хрватската национална гарда кои потоа добивале сè повеќе на интензитет, се прошириле и пераснале во отворен оружен конфликт.
Тоа создало и хаотична состојба и во БиХ со прогласувањето на Источна Херцеговина, областа Романија и Босанската Краина за Српски автономни области кои се ставиле под директна јурисдикција на сојузната власт, односно на раководството во Србија.
Со цел мирно решавање на кризата, на 27 август Европската заедница ја донела Декларацијата за Југославија. Биле потпишани и два документа - Спогодба за прекин на огнот, една од многуте безуспешни што потоа ќе следат и Меморандум за проширување на посматрачките активности на ЕЗ во Југославија со кои се операционализираше Декларацијата.
Оригиналната страница на Декларацијата за Сувереност
Оригиналната страница на Декларацијата за прогласување на Независност
Потпис на Декларацијата ставиле тогашниот претседател на претседателството на СФРЈ Стипе Месиќ, од име на Сојузниот извршен совет Анте Марковиќ, како и претседателите на сите шест републики. Од името на ЕЗ Декларацијата ја потпиша Ханс Ван ден Брук, претседател на Министерскиот совет и шеф на дипломаријата на Холандија, која тогаш претседаваше со Заедницата. Со Декларацијата се гарантираше неповредивост на надворешните и внатрешните граници, право на изјаснување на народите за сопствениот суверенитет, негирање на употребата насила како политика на свршен чин, а во спротивно се предвидуваа ригорозни санкции.
ЕЗ како последен обид да ја спречи граѓанската војна која се наѕирала од развојот на југословенската криза, на 7 септември во Хаг организира Мировна конфренција за Југославија.
Согледувајќи ја состојбата во Југославија, првиот повеќепартиски македонски парламент ја усвоил Декларацијата за независност на 25 јануари 1991 година. По што следуваше и одлуката за распишување на референдум на 8 септември 1991.
На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство - 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?
На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле "за" самостојна и суверена Македонија.
На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Македонски парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година
Википедија - слободна енциклопедија
Деновиве Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца одбележува повеќе значајни датуми и настани и тоа:
- 1 Септември - 71 година од формирањето на Охридско - Струшката Народноослободителна Бригада во с.Велмеј.
- 6 Септември - 71 година од формирањето на 6-та МНОУБ во месноста Рудина, на Караорман.
- 8 Септември - 24 години од третиот Илинденден , кога граѓаните на Република Македонија на референдум ја изразија својата волја за самостојна, суверена и независна држава, со што се исполни сонот на многу генерации.
По тој повод делегација на ОО на СБ Охрид и Дебрца , утре - вторник во Спомен паркот на револуцијата ќе положи свежо цвеќе со почеток во 10:00 часот.
ОО на СБ од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца на сите граѓани на Охрид и РМ им го честита 8 Септември - Денот на независноста на македонскиот народ и етничките заедници во РМ.
Вечерва со пригодна културна програма, со почеток во 20 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, свечено ќе го пушти во употреба новоизградениот плоштад кај поранешниот „мини- маркет“ во близина на музичкото училиште.
Плоштадот е со површина од 970 метри квадратни, има две фонтани и мал амфитеатар.По целата должина ,плоштадот е обложен со гранитни и бехатон плочки и камени коцки.Поставени се клупи за седење, канти за отпадоци, а целиот простор е хортикултурно уреден и осветлен според најсовремени стандарди. Овој крупен зафат, кој чини 8.688.925,оо денари , на барање на Локалната самоуправа, го реализираа охридските јавни претпријатија и фирмата „ Дуелма“ .
Посебен печат на овој простор, кој ќе биде собиралиште за одмор и релаксација на охриѓани и туристите, ќе му даваат двете фонтани, особено поголемата , која е оплемената со мозаиците „ четири рајски реки“ кои се дело на уметникот Никола Упевче.
На 9 септември ( среда) во 13 часот свечено ќе биде пуштена во употреба реконструираната улица „Питу Гули“. Истиот ден
градоначалникот Никола Бакрачески ќе изврши увид на подготвителните работи за изградба на кружен тек на ул „Стив Наумов“, а во 14 часот ќе се означи почетокот на градежните работи за кружниот тек на пресекот на бул. „Туристичка“ и ул. „Македонски просветители“.
Извор: ohrid.gov.mk
Деновиве на социјалните мрежи постојано се врти прашањето кои се причините што сириските бегалци не се решаваат да заминат во некоја богата арапска земја.