al palpojo 2020

Тикер

04 Септември 2015

Еден од најголемите и најстари тур-оператори во Европа, групацијата „Томас кук“ од идната година официјално почнува да работи и со Македонија. Ќе организира чартер летови Белгија – Охрид и сместувања во Охрид, соопштија денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски, пренесе МИА.

Договорите со нашите хотелиери, вкупно 16, се веќе потпишани и од наредната недела ќе бидат достапни на интернет страницата на „Томас кук“ за резервирање.

Деталите околу летовите и аранжманите воопшто ќе бидат подоцна дефинирани, но извесно е, како што истакна Пешевски, дека ќе има најмалку по еден чартер неделно. Доколку има потреба, бројот на летовите ќе се зголеми.

– Потпишувањето на овие договори ќе придонесе да се подобри странскиот туристички промет во државата, а директни придобивки ќе имаат сместувачките капацитети, а со приливот на средства од странските туристи дополнително ќе се раздвижи најпрво локалната економија, а потоа и економијата на државно ниво, подвлече вицепремиерот по средбата со Феликс Хортолами, менаџер за склучување договори на компанијата „Томас Кук“ за Белгија, на која присуствуваше и Џамбазовски.

Според него, Владата и Агенцијата посветија многу внимание и труд за привлекување на групацијата „Томас кук“. – Одржувавме комуникација подолг период со нејзините претставници, презентирани им беа туристичкиот производ, потенцијалот на Македонија како се уште неоткриена европска туристичка дестинација, како и условите што ги нуди Владата за субвенционирање на туризмот и инвестирањето во маркетингот, информира Пешевски.

И директорот на Агенцијата Џамбазовски рече дека по подолго преговарање „Томас кук“ го потврди присуството во Македонија од следната година, односно ставањето на земјава на нивната туристичка мрежа ширум Европа. Но, во меѓувреме, во тек се, потенцира, преговори и со други меѓународни тур-оператори.

– Владата настојува Македонија да прерасне во развиена туристичка земја. Доказ за тоа е статистиката која потврдува дека изминатите осум-девет години имаме раст од преку 100 проценти на странски посетители, напомена Џамбазовски.

Во првата половина од годинава над 206.000 странски туристи ја посетиле Македонија, што е за 11,6 отсто повеќе од истиот период лани. Бројот на туристи од Белгија, пак, покажува пораст од дури 42 проценти.

– Напорите што ги прави Владата ќе придонесат за дополнително зголемување на бројот на странски туристи и во втората половина од 2015-та, посочи Пешевски, најавувајќи дека продолжува владината поддршка за тур-операторите особено на оние кои реализираат странски туристички промет со цел отворање нови туристички пазари, подобрување на условите за македонските туристички производи и збогатување на понудата.

Менаџерот за склучување договори на „Томас Кук“ за Белгија Хортолами изминатите неколку дена престојуваше на охридско-струшкото крајбрежје каде со посредство на Агенцијата имаше средби со хотелиерите и во тие рамки ги потпиша договорите за аранжмани.

„Томас кук“ постои од 1841 година, опслужува над 22 милиона клиенти, а вкупната продажба на нејзините аранжамни е преку девет милијарди фунти.

Извор: Лидер.мк 

04 Септември 2015


Ги повикуваме сите граѓани да земат активно учество на јавната расправа за измени во Планот за управување со Националниот Парк „Галичица“како би го искажале своето мислење за планираните градежни активности во НП „Галичица“ пред да биде доцна. Да си го зачуваме природното богатство од уништување!

Националниот Парк „Галичица“, веќе и официјално е во опасност од уништување! Новите измени во Планот за управување со Националниот Парк, кои јавно се изнесени на нивната официјалната веб-страна, подразбираат отстранување на досегашниот степен на заштита на најранливите подрачја на оваа планина со цел изградба на Ски-центар, експресен пат широк 14 метри и туристичко-развојна зона во Отешево, Стење и Љубаништа. Ваквиот мегаломански потфат би подразбирал целосно уништување на шареноликоста на оваа природна убавина, која токму и произлегува од специфичниот склоп на ендемични и автохтони видови, особени оние во жариштето на нејзиниот биодиверзитет.
Вкупната површина на предлог проектот се протега на 324,62ха, од кои 310,46ха се заштитена површина на Националниот парк. Ова значи незаконска и неприфатлива промена во зоните на заштита во Националниот парк (за проектот да може да се имплементира треба да се симне нивото на заштита на одредени зони!). Постои огромен ризик изградбата на патот да ги наруши подземните водени текови кои го напојуваат Студенчишкото Блато, што може да значи уништување на блатото, а доколку се уништи блатото, во многу скоро време ќе се уништи и езерото.
Експресниот пат не е економски одржливо решение бидејќи по него не смее да се движат пешаци и велосипедисти. Ова ќе го наруши природното движење на авантуристите кои сега може да стигнат до планината директно од сместувачките капацитети. Патот ќе создаде вештачка бариера и ќе ги одврати ваквите туристи да го посетуваат Охрид за да практикуваат ваков тип на туризам, кој е најисплатливата туристичка алтернатива бидејќи трае во текот на целата година и не е ограничена на одредено годишно време. Од големо разочарување е тоа што ова се случува во екот на развојот на алтернативниот туризам во овој регион. Неодамна, тука беа пронајдени и нови пештери и стана атрактивен спелеолошкиот туризам.

galicica1 1


Охрид ЅОЅ ги повикува сите загрижени граѓани да учествуваат на Јавната расправа која ќе се одржи на 11-ти Септември (Петок) со почеток во 12.00 часот во просториите на ЈУНП „Галичица“ во Охрид. На расправата ќе се дебатира деградирањето на зоните во паркот со цел имплементација на гореспоменатите мегаломански проекти.
Планината Галичица во која се наоѓа Националниот Парк Галичица е интегрален дел од екосистемот на Охридското Езеро и е дефиниран како исклучително важен регион од страна на Унијата за заштита на природата (IUCN) и затоа заштитен со закон уште од 1958 година. Ливадите на Галичица се дом на 1.644 видови на пеперутки и 800 видови флора со висока биолошка вредност. Најубавата пеперутка на Балканот - Parnassius Apollo macedonicus може да се најде токму во националниот парк Галичица. Поради својата исклучителна биолошка разновидност со меѓународно значење во 2014 г. НП Галичица стана дел од Светската мрежа на биосферни резервати на УНЕСКО – во светот постои само 31 ваков прекуграничен биосферен резерват.
Наша должност е да го заштитиме овој исклучителен амбиент за идните генерации.

Со почит,

Активисти на Граѓанска иницијатива Охрид SOS

 

04 Септември 2015

Аница Палацо од први јули годинава е координатор на Сојузот на Ротари клубовите во Македонија. Од истиот датум со Ротари клубот „Охрид“ раководи уште една жена тоа е Олгица Илоска.

Членството од нив до крајот на јуни 2016 година очекува да го зајакнат имиџот на ротаријанството во Охрид и Македонија и сите преземања и активности да добијат поголема гласност.

Пред неколку години Ротари клубот „Охрид“ стана член на една потесна соработка на клубови од Италија,Шведска,Русија,Србија и Македонија.

Од таа соработка клубот од Охрид напорно работеше и имаше среќа да биде поддржан со проектот за Општата болница – Детско одделение и да го финализира проектот во вредност од 60 000 американски долари.

Во мигов од 2 до 6 септември Палацо и Илоска се во Санкт Петребург, Русија. Таму се одржува годишната средба на овие Ротари клубови. Најголем дел од средбата е резервирана за презентација на проекти од кои се селектираат само три или четири и сите присутни клубови застануваат во нивна поддршка. 

Аница и Олгица се подготвени и ќе презентираат  нов проект со желба тој да биде прифатен од Меѓународните ротари клубови. Ротари клубот „Охрид“ сака да го помогне и осовремени детското одделение во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Се бара буџет од 80 000 долари и најголемиот дел од нив доколку проектот помине ќе се наменети за набавка на нова современа апаратура потребна во одделението.

Michael copy copy

Често во јавноста се поставува прашањето како функционираат Ротари клубовите во светот?

-Постои поделба на зони, зоните во дистрикти а тие се составени од клубови.  Во Ротари Интернационал за да постои дистрикт има одредени норми што подразбира да се има минимум 40 клубови со минимум членство од 1200 луѓе. Македонија е многу мала држава. Од време на формирањето на Ротари клубот во Охрид во 2005 година дистриктот неколку пати се има преобликувано. Охридскиот клуб прво беше дел од Меѓународниот дистрикт Северна Грција, Бугарија и Србија... Следната година во Бугарија си формираа свој дистрикт бидејќи бројката на клубови драстично им порасна,подоцна се издвоија клубовите од Србија. Во Македонија има 17 Ротари клубови со тенденција до крајот на годинава да се формираат уште три.  Но до 1200 членови сме далеку, сега не има околу 500.

Како ротаријанци сакаме да го зголемиме членството, но тоа не го правиме стихијно и кампањски, целта ни е и натаму да имаме квалитетно членство,а не само да достигнеме одредена бројка.  

Клубовите во Македонија сега функционираат како дистрикт во потесна соработка со Албанија и Косово.

Настојуваме и веќе контактираме да се споиме со дистриктот во кој влегуваат клубовите во Словенија. Со тоа би добиле силен партнер од другата страна, изјави за „Публицитет.мк“ Аница Палацо. 

Публицитет.мк 

04 Септември 2015

Бербата на црвената пиперка позната како ајварка е во полн ек, но и годинава првите количини наместо во домашните преработувачки капацитети, завршија кај странските трговци. На терен информациите од бизнисмените од конзервната индустрија околу состојбата со откупот на црвената пиперка се различни.
Дел велат дека годинава во соседството родот е помал, па преработувачите на зеленчук од Србија, Бугарија и во Босна се насочени кон увоз од земјава. Стравуваат од ланското сценарио кога домашните фабрики поради напливот од странски трговци, останаа без суровина.

Дел од преработувачите не сакаа јавно да зборуваат, но велат дека Владата треба да превземе мерки домашните фабрики да не останат без суровина.

-Во моментов можам да кажам дека нема доволно количини. Има многу трговци од Бугарија, кои нудат повисоки цени и првите количини ги земаа тие. Сметам дека Владата треба да донесе времена мерка за забрана за извоз на црвена пиперка во вреќи за првично да може да има суровина за домашните преработувачки капацитети, за да не ни се случи ланската состојба кога останавме без суровина и си го нарушивме имиџот пред странците, вели еден од членовите на Македонската асоцијација на преработувачки на зеленчук и овошје.

Дел од бизнисмените велат дека е сеуште рано да се прогнозира каква ќе биде годинава состопјбата, но потврдуваат дека проблемот со неконтролираниот извоз и годинава се случува.

-Засега нема некои поголеми проблеми, количините се мали но очекуваме во следниот период да има повеќе кога, кога ќе созрее повеќе род за берба.Проблемот со неконтролираниот извоз не е искоренет и се случува секоја година. Ние немаме некоја политика за заштита на домашната суровина. Не ја исклучувам можноста доколку откупот оди со ова тепмо да ни се повтори ланската состојба кога останавме без суровина.Мислам за за две до три недели ќе се знае подобро состојба, тогаш ќе видиме дали бугарите ќе продолжат од кај нас да земаат суровина или пак ќе се насочат кон Турција која пак има заштитни политики за својата суровина, вели Виктор Петков, сопственик на компанијата “Випро”.

Дел пак од преработувачите не гледаат проблем во странските трговци. Сметаат дека доколку нема откупувачи од странство може да се појави проблем со хиперпроизводство. Укажуваат дека во моментов реален проблем е тоа што за разлика од другите години оваа година бербата доцни, што може да влијае врз пролонгирање на производството.

Поради лошите климатски услови бербата годинава доцнеше и доколку сезоната не се продолжи може да се појави проблем односно да се пролонгира производството. Не е исто да работите три месеци и два месеци. Сега е рано да се прогнозира како ќе се одвиваат работите, но лично јас сметам дека ќе има доволно суровина, дури се плашам дека може да има и хиперпроизводство. Точно е дека има трговци од Бугарија, но не може да се забрани тоа бидејќи што ќе се случи ако има вишок, ќој ќе го откупува. Нашите потреби се помали од вкупното производство на црвена пиперка, вели Киро Јовев сопственик на ,,АгроКомерц

Според информациите од преработувачите, црвената пиперка од прва класа се откупува по околу 22 денари за килограм, а втора класа 20 денари за килограм. Преработувачите велат дека квалитетот на пиперката е просечен.

Лошиот имиџ пред странските партнери тешко ќе се поправи

Минатата година преработувачите не успеаја во целост да ги исполнат извозните квоти за преработки од зеленчук. Лошите временски услови, неорганизираното земјоделско производство, продажбата на зеленчук и овошје на црно по пазарите на големо, ги остави конзервните фабрики без доволно суровина. Дел од преработувачите ги откажаа нарачките од странските увозници,со што ја нарушија репутацијата на европските пазари. Побараа Владата да им дозволи квоти за увоз на суровина од соседните земји, за да исполнат барем дел од договорените нарачки да ги исполнат.

По неколку неделни преговори, Владата донесе мерка за бесцарински увоз на црвена пиперка, но како што тогаш изјавија преработувачите мерката беше задоцнета а штета направена. Уште тогаш предупредија дека последици ќе има, бидејќи Европа не признава несериозност во бизнис зделките. Прашање е дали годинава странските партнери ќе сакаат повторно да соработуваат. Според бизнисмените во услови кога се јавува недостиг од суровина, тогаш треба да се намали царината за увоз на суровина, за да можат да го завршат производството. Според проценките на агробизнисмените вакавата мерка Владата треба да ја воведува секоја година, но таа да почнува 15 –ти Октомври и да трае до почетокот на ноември.

-Во моментов немаме залихи, а пазарите се гладни за производ.Имиџот пред странските партнери што лани го нарушивме, тешко ќе го поправиме, ќе треба да помине време. Ако еднаш лошо се етаблирате на пазарот тоа е лошо за компанијата, за земјата. Затоа сметам дека треба да има слободен увоз во тој период кога нас ни е потребна суровина, и да нема протекционистички царини како сега.Царината сега 50 отсто, треба да се намали на 18 отсто тогаш ќе можеме да правиме проекции за производството во услови на недостиг на суровина, а не да бидеме условени само со домашната суровина.А од друга страна имаме странски трговци кои слободно си увезуваат македонска суровина. Македонија стана депо за суровина за земјите на кои има недостасува суровина, вели Петков.

Според податоците од МАП извозот во 2014 година пораснал за 3.000 тони или во вредност за 3,1 милион евра. Но ваквиот пораст според преработувачите се должи на количествата на преработки кои биле на залиха од производната 2013-та година.Сега како што велат преработувачите залихи повеќе немаат.

Основната суровина на капацитетите за преработка на зеленчук е црвената пиперка. Дополнително, преработувачката индустрија се соочува и со хроничен проблем – неорганизирано производство и непочитување на договореното производство. И двете страни меѓусебно се обвинуваат за непочитување или несклучување на договори. Од Асоцијацијата велат дека поголемите преработувачи си имаат постојани земјоделци со кои склучуваат договори за откуп на суровина. Преработувачката индустрија за овошје и зеленчук е извозно ориентирана гранка од која во Буџетот годишно се инкасираат околу 50 милиони евра. Според проценките на преработувачите со комплетна искористеност на капацитети и политика за заштита на домашната суровина, овој девизен прилив може да изнесува 300 милиони евра.

Извор: Фактор.мк 

03 Септември 2015

Во организација на Црвен крст Охрид a со поддршка на Мировен корпус Македонија, започнува нов есенски циклус од едукативната програма Children's Story Hour - Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години.

Волонтерите предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот Мировен корпус, во периодот од септември до декември 2015 година, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и животни вештини и пред се, користење на англиска литература за деца од Англиската библиотека на Црвениот крст Охрид, ќe го надградуваат и зајакнуваат знаењетo на англискиот јазик и ќе ја развиваат емоционалната сигурност како и хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст.

Поради големата заинтересираност за програмата, родителите треба да пополнат пријава во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 9-16 часот, најдоцна до 18-ти септември 2015 година.

За подетални информации на телефон 046 262 706 или на e-mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

02 Септември 2015

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска присуствуваше на порибувањето на Охридското Езеро со ендемичниот вид охридска пастрмка.

02 Септември 2015

Едно лице го загуби животот а друго има тешки телесни повреди по сообраќајната незгода што вчера во 15 часот се случи на регионалниот пат Охрид-Св.Наум кај  туристичката насебата Лагадин.

02 Септември 2015
 
Откако вчера беше објавена веста за десетгодишната Јована која боледува од малиген карцином на раката, директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски се огласи дека фондот ќе покрие леувањето а интервенцијата е на 22 септември во клиника во Есен во Германија.
02 Септември 2015

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески попладнево беше на увид на патеката кај каналот Студенчишта каде во тек се подготвителните активности зареконструкција на првиот и третиот дел од патеката.

Во моментов теренот се чисти и се обележува трасата по која што ќе се движи патеката по што ќе започната градежните активности.Многу наскоро ќе почне реконструкцијата на третиот дел од патеката каде најпрво ќе се поставува атмосферската канализација, водоводна и електрична инсталација.

Третиот дел од патеката ќе ги содржи истите инфраструктурни компоненти кои веќе се изградени во вториот дел. Во овој дел од изградбата се планираат да се опфатат 210 метри должина ,а широчината на патеката ќе биде 12 метри. Целокупниот простор ќе биде соодветно инфратсуктурно уреден и поплочен со гранитни плочки (исто како во вториот дел).Во подоцниот дел од изградбата ќе биде поставено и соодветно модерно јавно осветлување .Инаку реконструкцијата на патеката со задоволство е прифатена од охриѓани и посетителите кои денес му пристапуваа на градоначалникот упатувајќи му пофални зборови за неговите заложби Охрид да се разубавува.

-- По пауза од неколку години, повторно доаѓаме во Охрид. Овој дел од патеката што сте го изградиле е одличен. Тука се рекреираме и уживаме во оваа убавина. Многу е убаво тука. Убаво го имате уредено и центарот на Охрид . Добро е што Охрид се гради и разубавува. Продолжете така-“.- велат посетители од Скопје кои долго време живееле надвор од нашава земја

Во првиот дел од реконструкцијата на патеката ќе бидат опфатени 200 м по што целата патека од каналот до хотел „Парк“ ќе добие нов модерен лик со афтентични компоненти кои се карактеристични за Охрид.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Страница 733 од 733
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter