Тикер
Премиерот Ковачевски во денешното обраќање до пратениците истакна дека на нашиот европски пат чекориме со една многу значајна придобивка за која се изборивме - целосно заштитен македонскиот јазик, а со тоа и македонски идентитет. Македонскиот јазик е признаен и потврден, како рамноправен со сите други јазици во Европа.
Вчера, РЦСОО„Ванчо Питошески“ го одбележа патрониот празник.
Двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, забележаа силно закрепнување на патничкиот сообраќај во првите 9 месеци од 2022 година, со што достигнаа вкупно 1,8 милиони патници (1.811.168) и 14.823 летови, од јануари до крајот на септември.
Во животот, на луѓето им се случуваат немили настани како губење работа, болест во семејството, губење на близок член, природни катастрофи како поплава, пожар... и сл. и истото повлекува финансиски проблеми кои го нарушуваат секојдневното живеење и тогаш приоритетите се менуваат.
После пауза од повеќе години охриѓани и стружани имаа можност да присуствуваат на големото Езерско дерби кое веднаш да кажеме спрема она што го прикажаа и двете екипи во потполност ги оправда очекувањата на повеќе илјадната публика.
РЕК Битола двојно го зголеми капацитетот за производство на струја откако синоќа во 22:51 часот Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на земјава.
Главен фокус на Конференцијата се проектите на Викимедија (Википедија и слични проекти) во земјите и заедниците од Централна и Источна Европа а ќе учествуваат над 120 учесници од повеќе земји во деловите на Централна и Источна Европа. Настанот ќе го отвори градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков а ќе зборуваат и организаторите од Македонија, Снежана Штрковска, Кирил Симеоновски и Николче Стојановски.
Денеска, петок со почеток во 12.00 часот во Националата установа Библиотека “Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи промоција на Прирачникот “Социо-емоционален развој на деца“ од авторката Верица Пандиловска – Гичева.
Денеска, во Охрид се одржа четвртото издание на Симпозиумот за земјоделство и храна ИСАФ 2022, во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна- Скопје (ФЗНХ).