al palpojo 2020

Промоција на Прирачникот “Социо-емоционален развој на деца“ од Верица Пандиловска – Гичева

14 Октомври 2022

Денеска, петок со почеток во 12.00 часот во Националата установа Библиотека “Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи промоција на Прирачникот “Социо-емоционален развој на деца“ од авторката Верица Пандиловска – Гичева.

Публикацијата е наменета за воспитувачи, родители и деца до 7 години од предучилишна возраст како и за деца кои се со лесна ментана попреченост на возраст до 11 години.

За публикацијата ќе говори авторот, Верица П. Гичева претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Гостин - говорник на промоцијата ќе  биде проф. д-р Зенделабедин Шехи.

Посебна покана упатуваме до сите  воспитувачи, раководители, директори, учители, логопеди, дефектолози, педагози и родители за кои оваа тема е предизвик и интересна, велат од ЕУ Институт – Скопје и Библиотеката.

Книгата ‘Социо-емоционален развој за деца“ ќе биде достапна и за продажба и тоа по промотивна цена од 500 денари.

Модератор на настанот ќе  биде директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски, долгогодишен соработник на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, лектор на здружението и воедно на публикацијата. 

Публицитет.мк

Прочитано 476 пати

Омнибус

24 Мај 2023

Почина кралицата на рокенролот Тина Тарнер

Тина Тарнер, една од најдобрите музички изведувачи на сите времиња, почина денес на 83-годишна возраст.
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter