al palpojo 2020

Езерско фудбалско дерби: ГФК Охрид Лихнидос - ФК Караорман 1-0

16 Октомври 2022

После пауза од повеќе години охриѓани и стружани имаа можност да присуствуваат на големото Езерско дерби кое веднаш да кажеме спрема она што го прикажаа и двете екипи во потполност ги оправда очекувањата на повеќе илјадната публика.

Во текот на целиот натпревар своја доминација најавуваа и едните и другите воглавно се играше внимателно но и на моменти грубо така  судијата додели по седум жолти картони и кај двете екипи а при крај на натпреварот охриѓани заработија и црвен картон кој всушност беше втор жолт.
После првичните минути кога стружани тргнаа во офанзива за што поскоро да дојдат во водство како што одминуваше времето охриѓани со стрплива игра ја чекаа својата шанса и ја дочекаа. Се играа последните моменти од првото полувреме кога мајсторот за голови Роберт Митев после еден брз напад по десната страна на негов својствен начин постигна убав гол и водство за охриѓани.
Овој гол  беше клучниот момент на овој натпревар
Во второто полувреме охриѓани својата доминација не успеаја да ја матерјализираат бидејки овој триумф можеа да го завршат со уште некој гол во противничката мрежа меѓутоа и овој пат слабата ефикасност дојде до израз.
Во текот на натпреварот и стружани се обидуваа да постигнат нешто повеќе меѓутоа одбраната на охриѓани на чело со голманот Серафимов беа на висина на својата задача.
Како и да е охриѓани со овој триумф над вечниот ривал врзаа три последователни победи и сега котираат во горниот дел од второлигашката табела.
На крајот од натпреварот охридките фудбалери од присутната публика а пред се од верните РИБАРИ добија аплауз за прикажаната игра и за победата над вечниот ривал.


На следниот линк можете да ја погледнете изјавата на стрелецот на голот Роберт Митев

 

Извор:Иван Арсеноски,  Охрид Спорт

Публицитет.мк 

Прочитано 290 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter