al palpojo 2020

Хуманитарна акција на Црвен крст - Охрид „Помислете и на нас“

18 Октомври 2022

Во животот, на луѓето им се случуваат немили настани како губење работа, болест во семејството, губење на близок член, природни катастрофи како поплава, пожар... и сл. и истото повлекува финансиски проблеми кои го нарушуваат секојдневното живеење и тогаш приоритетите се менуваат.

Тогаш храната е најголем приоритет кој треба да се обезбеди, а потоа да се соберат сили и да се надминат и другите потешкотии. Дополнителна закана за најранливите лица и семејства е енергетската криза со што се продлабочи несигурноста во обезбедување и подготовка на храна. Социјално ранливите семејства често бараат храна токму во Црвениот крст, кој има улога да го намали страдањето и да им даде поддршка во најтешките моменти.
За таа цел Црвен крст Охрид традиционално ја организира кампањата за „Ден на борба против глад“ под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС“ со цел поттикнување на граѓаните, компании, фирми, банки итн. активно да учествуваат во оваа хуманитарна акција.
Оваа година Меѓународниот ден на борба против гладта 16 Октомври и Неделата на борба против гладта (16-22 Октомври) ќе го одбележиме со активности насочени кон прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца.
Во текот на Неделата на борба против гладта од 16-22 Октомври во повеќе градски маркети ќе бидат поставени пунктови на Црвен крст Охрид со видно обележени корпи во кои хуманите сограѓани ќе можат да стават-донираат прехрамбени производи.
Од донираните средства и собраните намирници во кампањата ќе се подготват хуманитарни пакети со прехрамбени производи, кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници.
Упатуваме апел до нашите сограѓани, компании, фирми, институции, да се вклучат во хуманитарната собирна акција на Црвен крст Охрид и според своите можности дадат придонес во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца.

Публицитет.мк 

Прочитано 392 пати

Омнибус

24 Мај 2023

Почина кралицата на рокенролот Тина Тарнер

Тина Тарнер, една од најдобрите музички изведувачи на сите времиња, почина денес на 83-годишна возраст.
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter