Со пригодна свеченост беше одбележан патрониот ден на РЦСОО„Ванчо Питошески“ од Охрид
19 Октомври 2022
Вчера, РЦСОО„Ванчо Питошески“ го одбележа патрониот празник.
Директорот Марјан Радески со своето обраќање им го честита патрониот празник на учениците и вработените, а на учениците кои учествуваа на меѓународниот натпреват „ГАТУС 2022“ и освоија медали им додели благодарници, а на вработените кои имаа јубилеј- им додели пригодни награди.
Во рамките на одбележувањето, во просториите на училиштето беше приреден свечен коктел подготвен од учениците во РЦСОО„Ванчо Питошески“.
Публицитет.мк