al palpojo 2020

Ковачевски: Во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет - ФРОНТЕКС се потпишува на чист македонски јазик

25 Октомври 2022

Премиерот  Ковачевски во денешното обраќање до пратениците истакна дека на нашиот европски пат чекориме со една многу значајна придобивка за која се изборивме - целосно заштитен македонскиот јазик, а со тоа и македонски идентитет. Македонскиот јазик е признаен и потврден, како рамноправен со сите други јазици во Европа.



„Првиот договор, ФРОНТЕКС, Советот на ЕУ веќе одлучи да се потпише и на македонски јазик, без какви било ѕвездички или фусноти. Првите документи во Брисел веќе се преведуваат на македонски јазик. Почетокот на преговорите со Европската Унија по 17-години чекање, со целосна заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, изградбата на едно општество за сите и мирот што го негуваме преку меѓуетничкото единство на домашен план, потврдуваат дека Владата е успешен и достоинствен претставник на народот, неговиот заштитник, чувар и водач напред“, порача премиерот Ковачевски.

Публицитет.мк 

Прочитано 625 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter