al palpojo 2020

Градското дерби: ФК Воска Спорт - ГФК Охрид Лихнидос 3-0

26 Ноември 2022

Претендентот за пласман во Првата Лига екипата на Воска успеа да дојде до победа за нив во еден од најважните натпревари за задржување на шансите и да остане во чекор со Вардар и Гостивар за остварување на целта а тоа е пласман во повисок ранг на натпреварување.

И се’ започна како што домашните и посакуваа. Брзо дојдоа до водство.

Меѓутоа во продолжение на натпреварот се можеше да биде поинаку имено кога во еден одличен напад гостинската екипа на Охрид постигна убав гол што значеше и израмнување на резултатот за среќа на домаќините судиите видоа офсајд па голот не беше признаен.

Несреќата да биде уште поголема по екипата на Охрид се случи веднаш по непризнаениот гол за Охрид имено од една сомнителна офсајд позиција судиите не го видоа тоа по што домаќините стигнаа до 2-0 и практично го решија ова градско Дерби.

Судиите кој патем да кажеме со грешки го водеа ова градско дерби доделија и два црвени картони по еден за обете екипи.

Како и да е можеме да констатираме дека екипата на Охрид го претрпи највисокиот пораз  но и ја прикажа можеби една од послабите игри во досегашниот тек на првенството.

Поправен испит после двата  порази во низа и тоа од двата претенденти за првата лига Гостивар и Воска екипата на ГФК Охрид Лихнидос ќе има веќе на следниот натпревар и тоа на домашен терен против екипата на Слога од Виница на кој натпревар охриѓани ќе имат шанси да им се вратат на победите.

И Арсеноски. Охрид Спорт

Публицитет.мк

Прочитано 230 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter