al palpojo 2020

Охрид:Проект за развој на здравствен туризам

20 Декември 2022

Со енергетска ефикасност на објектот, набавка на ехокардиографски апарат и дигитализација охридската Специјална болница за кардиологија ќе нуди поквалитетни здравствени услуги, кои треба да овозможат и развој на здравствен туризам. Реализацијата на проектот вреден триста деведесет и пет илјади евра ќе започне на почетокот на наредната година...

 Во првиот квартал од наредната година ќе започне реализацијата на Проектот „Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на Специјалната болница за кардиологија Свети Стефан од Охрид“. Проектот е дел од грантовата шема на министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка. Со реконструкцијата се очекува подобрување на квалитетот на здравствените услуги во оваа здравствена установа.

„Ова е конкретен, концизен проект со визија да преку подобрување на инфраструктурните услови и здравствените услуги на нашата болница која е со идеална локација, посебно во делот на кардиоваскуларната рехабилитација како единствена дејност во државата создаде услови за развој на здравствениот туризам“, рече Елена Коваческа Башуроска, директор на Специјалната болница за кардиологија Охрид.

„Министерството за локална самоуправа во овој проект ќе издвои 185.000 швајцарски франци, Швајцарската амбасада, Швајцарската конфедерација преку швајцарската амбасада 158.000 евра, сопствено учество во проектот, се надевам дека тука ќе помогне општина Охрид околу 50 000 евра или вкупно 395.000 евра“, рече Кирил Парталов-државен секретар во Министерството за локална самоуправа.

Покрај реконструкција на објектот со проектот болницата ќе добие современ ехокардиографски апарат и дигитализација.

„1.900 метри квадратни е површината на кровот што ќе се реконструира, термо фасада поставување 2 100 метри квадратни и околу 50 прозорци, значи замена на столаријата со цел да се направи енергетски ефикасен да биде објектот, што значи ќе имаме заштеда на енергија“, вели Мирјана Лозаноска, директор на Југозападен плански регион.

„Реконструкциите кои се предвидени во рамките на проектот ќе овозможат подигнување на нивото на услугите за пациентите и посовремени услови за дијагностика. Сето ова ќе придонесе и во насока на подобрување за развој на здравствен туризам, привлекување на што поголем број странски пациенти“, изјави Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Реализацијата на овој проект е всушност дел од националната стратегија за развој на здравствениот туризам, нешто што охриѓани и државата го посакуваа уште пред неколку децении поради што на охридското крајбрежје се градеа специјализирани болници.

Извор: www.mrt.com.mk 

Автор: Сашо Нелоски 

Публицитет.мк 

 

Прочитано 609 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter