al palpojo 2020

Државата има потреба од Закон за критична инфраструктура

30 Декември 2022

Правилното менаџирање со безбедноста, кое директно се поврзува со критичните инфраструктури бара избалансираност, заеднички напор и висок степен на соработка на клучните субјекти за остварување на примарните цели на безбедносниот систем на државата. Тоа е еден од фундаментите на кои се темели безбедноста на модерните општества, поради што е неопходно што поскоро донесување на Закон за критична инфраструктура, особено по последните закани врз училиштата во земјава и регионот...

Моменталните безбедносни случувања во нашата држава, регионот и пошироко претставуваат предизвици кои несомнено се насочени или можат да бидат сериозен предмет на закана и врз критичните инфраструктури, а кои понатаму би имале импакт и врз националната безбедност, економијата, здравството како и ефикасното функционирање на системите на државата. Сето тоа бара примена и градење на сеопфатна безбедносна политика низ соодветен закон за критична инфраструктура.

„Прифаќајќи ја реалноста за ранливоста на државата преку објектите и институциите кои се од витално значење за Македонија и фактот дека живееме во време на нестабилни општествени политички ситуации каде што девијантните појави, тероризмот, сајбер нападите, анонимните закани, пандемиите можат да предизвикаат сериозни последици врз општеството. Од тие причини носење на еден ваков закон е од есенцијална потреба за нашата држава“, изјави доц. д-р Ѓорги Алчески, експерт од областа на безбедноста.

Голем број развиени земји веќе ја имаат регулирано оваа област, а нашата држава преку Министерството за одбрана веќе развива прописи во насока на подобрување на безбедноста на критичните инфраструктури.

„Најнапред треба да се донесе критериум односно методологија за определување на критични инфраструктури, треба да се донесе проценка на ризик за критичните инфраструктури, планови, програми за операторите на критичните инфраструктури, па понатака ќе следат и планови за контрола на квалитет и планови за обука и планови за постапување при вонредни ситуации“, изјави доц. д-р Ѓорги Алчески, експерт од областа на безбедноста.

Предлог-Законот за критична инфраструктура кој е во постапка треба да гарантира успех во справување со заканите кои ги носи денешницата и брзо опоравување во случај на евентуални несакани последици.

Извор: www. mrt.com.mk

Новинар: Сашо Нелоски 

Публицитет.мк 

Прочитано 259 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter