al palpojo 2020

Недостиг од квалификуван кадар за индустријата

03 Јануари 2023

Недостигот од висококвалификувани кадри за успешно функционирање на индустриските капацитети во охридскиот регион создадоа партнерски однос помеѓу образовните институции и компаниите со цел да се надмине сегашната состојба. Основа за здраво партнерство е дуалното образование кое што одамна дава извонредни резултати во западноевропските земји.се чини дека тоа е единствениот пат за да се обезбеди квалитетна работна сила каква што посакуваат странските инвеститори...

Странските инвеститори во Охрид се повеќе се соочуваат со недостиг од квалитетна квалификувана работна сила поради што се принудени да вработуваат лица од околните градови. Единствениот излез од сегашната состојба е дуалното образование, кое се чини дека станува се поатрактивно за младите, бидејќи партнерството помеѓу образовните центри и компаниите овозможува брзо вработување.

„Првата генерација броеше 17 ученици, а веќе оваа година вкупната бројка на двата профили што ги имаме – техничар за производно машинство и техничар за индустриска мехатроника брои 43 ученици што е највисока бројка во сите дуални паралелки, односно од сите училишта во државата“, рече Сашо Недески, ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ Охрид.

Концептот на дуалното образование во охридскиот Електромашински училиштен центар е базиран врз германскиот модел, па во тој контекст првата генерација покрај државната матура полагаше завршен испит и по германски терк.

„Покрај успешно спроведениот теоретски предмет, сите тие ученици кои што го положија предметот имаа можност да полагаат и практично. 1,35.1,39 И после успешно завршување и на практичниот дел учениците се стекнаа со сертификат со кој што се потврдува дека образованието, дуалниот модел стекнат кај нас е истоветен со образованието во Германија“, рече Љупчо Балески-професор по електрогрупа предмети.

„Би сакал да продолжам на факултет затоа што би сакал да стекнам уште поголемо знаење и да се здобијам со уште подобри вештини“, вели Мухамед Асан-ученик.

„Мислам дека се стекнав со добра практична настава и по завршеното средно образование мислам дека ќе се вработам во некоја од компаниите“, вели Мартин Ѓоргиески, ученик.

На овие млади кадри покрај работни места треба да им се обезбедат добри услови за работа и се разбира солидни плати, бидејќи со сертификатите што ќе ги поседуваат многу брзо ќе можат да се вработат во некоја од земјите членки на ЕУ.

Сашо Нелоски -www.mrt.com.mk

 

Прочитано 280 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter