al palpojo 2020

Во Охрид денеска беше потпишана регионална Спогодба за потраги и спасување во воздухопловството

22 Февруари 2023

Агенциите за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија, Република Србија, Република Словенија и Република Црна Гора денеска во Охрид ја потпишаа Спогодбата за потраги и спасување како дел од заедничките операции на земјите од регионот во цивилната авијација.

Со Спогодбата се зајакнува меѓусебната соработка на ниво на Агенции во градење, развој на капацитети, размена на искуства и знаења, подобрување на оперативната прекугранична соработка.

Директорот на Агенцијата за Цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев истакна дека со ова се врши хармонизација на операциите за спасување во земјите од регионот со што постапките се интегрираат во еден ефикасен систем за обезбедување на потребните ресурси во цивилната ацијација, постапки целосно усогласени со стандардите на Еуроконтрол.

DSC 0583

Свое обраќање имаше и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој истакна дека регионалната соработка е од исклучително значење за поставување на високопрофесионлани стандарди во цивилното воздухопловство

„Имајќи предвид дека е потребен оранизиран систем за потрага и спасување на воздухоплови и лица во опасност како операции од висок ризик,  денешниов собир е само потврда дека ние земјите од регионот работиме на усогласување на домашните легислативи во обезбедување на потребните ресурси за овој тип на операции. Развојот на авиосообраќајот и воздухопловството во Република Северна Македонија е високо на агендата на Владата и во таа насока создаваме услови да креираме долгорочен и ефикасен систем на организирање на цивилната авијација.“ – изјави министерот Бочварски.

DSC 0493

Тој исто така потенцираше дека Владата на Република Северна Македонија го усвои Законот за воздухопловство преку кој се подигнуваат стандардите во воздухопловната дејност.

Публицитет.мк 

Прочитано 523 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter