al palpojo 2020

СДСМ - Охрид: Раководството на ЈП „Водовод“ од Охрид бара водата за пиење да е поскапа дури до 70 %

01 Март 2023

Негрижата кон охриѓани од страна на Локалната самоуправа предводена од ДПМНЕ уште еднаш се покажа на дело. Актуелниот директор на ЈП „Водовод“ Охрид, кој своето време и енергија наместо кон пронаоѓање начин за средување на финансиската состојба на претпријатието и 50 % загубата на вода ги троши само за да обезбеди согласности за нови работни места за уште некој од своите
сопартијци, без ниту грам морал и без трошка чувство на отчетност кон народот, неспособноста за менаџирање на претпријатието се обиде да ја маскира со барање за поскапување на цената на водата за пиење и тоа за „скромни“ 70%, реагираат преку соопштение од ОО на СДСМ - Охрид. 

 

Во соопштението се додава: Оттука, прашуваме : - Дали со барањето за поскапување на водата за пиење, кое свесно му се натоварува на охриѓани, целта е да се прикрие Планот за вработување за 2023 година, во кој директорот предвидел две нови вработувања ?
- Дали оправданоста на барањето на поскапување на водата ја гледаат во можност парите да се трошат за вработување на нови лица ? Моментално во претпријатието има околу 10 нови вработени со Договор на дело, дуплирани работни места и очигледно партиски послушници на ДПМНЕ. Да потсетиме, за да се задоволат партиски апетит, во месец октомври 2022 година Директорот испрати околу 20 постојано вработени лица во претпријатието на 70 %, а прими нови. Истата ситуација се повторува и сега за месец март 2023, каде Директорот со писмена согласност од Општината за итни и недложни работи, планира сега да им го продолжи договорот на тие лица, што значи повторно ситуација на дуплирани работни позиции, а донел или ќе донесе Одлука за повторно да испрати постојано вработени лица на 70 %. А од друга страна, бара поскапување на водата за пиење !
Во предизборната програма на ДПМНЕ за антисоцијални мерки, оваа е уште една во низата на товар на граѓаните на Охрид. Неспособноста, партиската послушност и личните лукративни цели не смеат да бидат причина за уште едно поскапување на услугите на јавните претпријатија на товар на охриѓани, велат од СДСМ - Охрид.

Публицитет.мк 

Прочитано 294 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter