al palpojo 2020

Парс: Да се унапреди македонистиката на најеминентниот факултет за јазици во Турција

04 Март 2023

Отворањето нова Катедра за македонски јазик и литература и нов Лекторат по македонски јазик на Анкарскиот универзитет во Турција во текот на минатата година е многу значајна работа. Со ова уште повеќе ќе се зближат двете земји и двата пријателски народна. Во Турција и поконкретно во Анкара има голем интерес за македонистиката.

Ова меѓу другото го истакнува раководителката на Катедрата за македонски јазик и литература на Анкарскиот универзитет, проф. д-р Мелахат Парс, во разговор објавен во новиот број на ревијата на Друштвото на писателите на Македонија, „Стожер“.

„Особено е важно што Катедрата и Лекторатот по македонски јазик и литература се отворија на најеминентниот факултет за јазици на Република Турција, основан од Мустафа Кемал Ататурк, кој, исто така, потекнува од Македонија. Во Турција има повеќе од 250 универзитети и не е лесно за кратко време да се отвори нова катедра.“ – посочува Парс.

Во однос на интересот за македонистиката во Турција и поконкретно во Анкара, нагласува дека е голем.

„Секако има голем интерес, бидејќи во Турција има голем број турски иселеници од Македонија, кои многу ја сакаат и почитуваат Македонија. Меѓутоа сакам да кажам еден класичен пример. На промотивниот час на лекторот по македонски јазик, Дарко Темелкоски, еден студент од Катедрата за англиски јазик и литература изрази желба како изборен предмет да ја земе граматиката на македонскиот јазик. Сакам да подвлечам дека вакви заинтересирани студенти има и од другите катедри на Факултетот за јазици, историја и географија.“ – истакнува Парс.

Таа и напоменува дека отворањето на Катедрата и Лекторатот се одвивало без потешкотии. Во однос на Лекторатот и посочува дека е отворен во согланост со Протоколот за соработка меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Анкарскиот универзитет.

„Би сакала да ја потенцирам ангажираноста на ректорот на Анкарскиот универзитет, проф. д-р Неџдет Унувар и на директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Би сакала и да го подвлечам фактот дека лекторот Дарко Темелкоски пред професорите и студентите на Факултетот за јазици, историја и географија одржа многу успешно промотивно предавање.“ – истакнува Парс.

Таа и нагласува дека Катедрата за македонски јазик и литература на Анкарскиот универзитет, допрва ќе се развива и дека ќе се вложува во комплетирање на наставно-научниот кадар, а дека студентите на Катедрата ќе имаат можност да истражуваат во Македонија.

„Отворањето на Катедрата и на Лекторатот по македонски јазик и литература претставува богатство за нашиот факултет и за нашиот универзитет. Бидејќи ние имаме историски, јазични, литературни, културни и други врски и односи со Македонија и со Балканот.“ – посочува Парс.

Разговорот со раководителката на Катедрата за македонски јазик и литература на Анкарскиот универзитет е достапен на: http://dpm-pisateli.mk/wp-content/uploads/2023/02/Stozer-146.pdf

Публицитет.мк 

Прочитано 4653 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter