Уште еден пораз на ФК Охрид - Лихнидос
04 Март 2023
Се повторува лошиот старт од годинешното првенство на Втората лига.
Ако во првите неколку кола охриѓани освоија 4 бода и тоа по победата над Тетекс и нерешениот исход со денешниот противник тогаш во првите три кола од продолжението охриѓани останаа на нула.
Како ќе се одвиваат работите понатака останува да видиме но дека не е добро не е.
Да се надеваме дека работите ќе тргнат на подобро и Охрид ќе се врати на победоносна патека што ја красеше оваа екипа во есенската полуетапа.
Следуваат потешки противници од денешниот каде охриѓани ќе треба да се погрижат да го подобрат ваквиот лош старт.
Останува да се надеваме на тоа.
И.Арсеноски, Охрид Спорт
Публицитет.мк