al palpojo 2020

ОХРИД Културниот туризам има потреба од иновативност

04 Март 2023

Неспорно е дека голем број туристи, особено оние од странство го посетуваат Охрид поради богатото културно-историско наследство. Во туристичките понуди со децении наназад се нудат стандардни производи како што се посетите на црквите и манастирите, поради што експертите од оваа област сметаат дека таа понуда е веќе истрошена и дека во неа треба да се вклучат и нови содржини. На тој начин според нив туристички производ повторно ќе биде атрактивен и привлечен и за туристите кои повеќе пати го посетиле Охрид...

Културниот туризам мора да биде приоритетен за Охрид и поради тоа е неопходно да се воведе иновативност во понудата. Туристичките производи коишто сега се пласираат на пазарот поврзани со културниот туризам се веќе истрошени вели професорот Сашо Коруноски. Мора да се воведат нови за тој производ да биде актуелен, бидејќи древниот град има богато културно наследство од кое дел е оставено настрана.„Културното наследство на Охрид не се само црквите, да тоа се најважните, ама некогаш туристичката атрактивност не е врзана со најзначајните културни споменици. Иновативноста е тука, Музејот на вода е најпосетуван, ама тој сам по себе е новоградба. Значи гледате една атракција, којашто е поврзана со културни туристички производи не мора да значи дека е највредната културна содржина“, изјави проф.д-р Сашо Коруноски-Факултет за туризам и угостителство Охрид.

Она што недостига во туристичката алка е и немањето на повратни информации од туристите дали и колку се задоволни од понуденото.

На тој начин анализата на податоците, ќе го даде и одговорот што посакуваат туристите од 21 век, затоа што во стандардните производи кои датираат од пред 3-4 децении мора да се вклопат нови, коишто ќе бидат атрактивни дури и за туристите што веќе престојувале во Охрид.

Извор: mrt.com.mk

Сашо Нелоски

Публицитет.мк 

Прочитано 370 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter