Саем за сезонско вработување во туристички сектор во Охрид
Поаѓајќи од се поактуелната состојба со кусоци на пазарот на труд со кои се соочуваат домашните компании, особено во туристичко-угостителскиот сектор, Касарна Хаб одлучи да организира саем за вработување за престојната летна сезона 2023 година.
На саемот бесплатно, хотелите и рестораните ќе можат да го престават нивниот капацитет и да побараат вработени за сезоната. Повикани ќе бидат и сите средношколци, студенти и невработени лица ( во содејство со АВРМ ),
Заради тоа, и доколку Ви се потребни сезонски работници за престојната летна сезона, Ве охрабруваме да се пријавете на Саемот.
Пријавувањето можете да го извршите на следниот ЛИНК, на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на 071-355-844, велат од Касарна Хаб.
Публицитет.мк