Промоција на „Џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов“, сликовница-боенка во Охрид
10 Март 2023
Во понеделник 13 март, во Кафе и бар „Шила“ во Охрид од 11 часот ќе се одржи промоција на сликовницата-боенка „Џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов“ од Александар Илиевски и Мерсиха Исмајлоска.
Сликовницата-боенка е издание на Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“, и е адаптирана и за читатели со дислексија.
Публицитет.мк