Важни бодови за битолчани: ФК Пелистер - ГФК Охрид Лихнидос 3:0
Охрид не успеа да им се спротистави на разиграните битолчани кои од натпревар во натпревар се наметнуваат како една од најсериозните екипи за влез во Првата фудбалска лига.
Пелистер дојде во водство со голот на Томе Китановски кој во 29 минута после корнерот на Љамчевски со глава биеше во голот на Охрид и погоди за 1-0.
Во второто полувреме по грешка на потесната одбрана на охриѓани на битолчани им беа потребни само четири минути за да постигнат уште два гола и предвреме да го решат овој натпревар првиот во 49 минута по центаршутот на Фазлиу се чини дека Ѓоргиески постигна авто гол и така битолчани поведоа со 2-0 за точка на овој натпревар во 53 минута да стави Спиркоски кој ги постави конечните 3-0.
И Арсеноски, Охрид Спорт
Публицитет.мк