al palpojo 2020

Пратеничката Лазаревска на работна средба со европратеници од меѓуполитички групи во ЕП во Стразбур

14 Март 2023

Делегација на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и Европската Унија, во состав: Соња Мираковска, копретседавач, и членовите Жаклина Лазаревска, Бајрам Кадрија, Жаклина Пешевска и Маја Морачанин, престојува во работна посета на Европскиот парламент во Стразбур, каде што  има средби со европратеници во пресрет на објавувањето на нацрт-резолуцијата на Европскиот парламент за Република Северна Македонија за 2022 година.

Пратениците остварија  средби со европратеникот Тонино Пицула, координатор на пратеничката група на социјалистите и демократите во Комисијата за надворешна политика, европратениците Тијс Ројтен и Владимир Билчик, членови на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, ќе се сретнат и со Андреас Шидер, Марион Валтсман и Илхан Ќуќук , учесници во дијалогот „Жан Моне“, односно процесот за унапредување на политичкиот дијалог, како и европратеничката Ирена Јовева, претседателка на неформалната група „Пријатели на Северна Македонија“ и член на МПК ЕУ – Северна Македонија.

zaki 1

Во текот на дводневната посета предвидена е средба и со претседателот на Комисијата за надворешна политика, Дејвид Мекалистер, како и средби со известителите во сенка за Северна Македонија во Комисијата за надворешна политика (АФЕТ), и тоа Тинеке Штрик од групата на зелените, Стелиос Коулоглу од левицата и Матијаж Немец од групата на социјалистите и демократите. Известителите во сенка во име на своите политички групи се одговорни за темата и играат важна улога во усогласувањето на финалниот текст на резолуцијата.

tonino

Првиот нацрт на резолуцијата за Северна Македонија на известителот Илхан Ќуќук ќе се разгледува во Комисијата за надворешна политика на крајот на март, за неа ќе се гласа во Комисијата на крајот на мај, а на пленарна седница на Европскиот парламент се очекува да се најде на средината на јуни, соопштија собраниските служби.

Публицитет.мк 

Прочитано 139 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter