al palpojo 2020

Во „Култура 365“ комплетирана колекцијата книги од А. ден Долард

15 Март 2023

Со голема чест и задоволство сакаме да изјавиме баш пред неколку дена ја комплетиравме колекцијата од А.ден Доолаард и сега во музејот можат посетителите да ги видат сите книги кои тој ги напишал во својот живот. Почнувајќи од само обична егзибиција на неколку книги за Охрид во 2005 година од страна на полиглотот и писател Мишо Јузмески за денес гордо да можеме да кажеме дека најголемата и најкомплетна колекција на книги во светот од овај холандски писател се наоѓа во срцето на стариот град во Охрид, вели внукот на покојниот Јузмески, Крсте Пурцов, кој сега раководи со култнот центар „Култура 365“. 

-Исто така во просториите на музејот на А.ден Доолаард во Охрид имавме пријатно изненадување, имавме посета од страна на фамилијата на холандскиот писател Корнелиус Боб Спулстра каде што имавме прекрасен ден заедно. Во посетата беа вклучени дури три генерации од фамилијата Спулстра. Ќерката Бренда заедно со внуката и правнуката на холандскиот писател. Се разговараше за прогресот на самиот музеј и напредокот и публицитет кој го добива во последните години. 

thumbnail 1

Фасцинирани од работата и бројот на посетители кои што го посетуваат овај музеј ни изјавија дека никогаш не помислиле и дека после толку години ова место ќе биде толку посетувано и дека животот и делото на А.ден Доолаард ќе продолжи да живее до ден денес. За првпат се осетивме како да сме дома - изјави Бренда, вели Пурцов.

thumbnail 2

Публицитет.мк  


Прочитано 4027 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter