Во фокусот на АРХРИД КОЛЕКТИВ и натаму е иднината на просторот кај старата Касарна во Охрид
16 Март 2023
Прашањето за просторот на Касарна Охрид, кое беше отворено на настанот “Разговори за Касарна“ во септември, останува отворено овој пат на Факултетот за Архитектура и Дизајн при УАЦС Скопје.
Ќе биде истражувано од различни аспекти и на различни предмети овој семестар. За таа цел АРХРИД КОЛЕКТИВ организира воведно предавање и ќе биде домаќин на дводневна посета на 150 студенти кои ке ја обработуваат темата.
Предавањето ќе се одржи во четврток 16.03.2023 во просториите на Апостол Павле, и посета на локација на касарна; додека посета на останати референтни објекти во Охрид - во петок 17.03.2023.
Ова прашање со огоромен потенцијал го засега идниот развој на градот и односот кој го имаме кон просторот воопшто.
Публицитет.мк