al palpojo 2020

СДСМ Охрид: ЈП во Охрид нижат огромни загуби а цените на нивните услуги растат

18 Март 2023

На 25 седница на Советот на Општина Охрид глатко од советниците на владејачкото мнозинство беа изгласани годишните сметки на јавните претпријатија, соопштија на прес од СДСМ Охрид. 

Она на што сите сме сведоци е дека 5 јавни претпријатија продолжуваат со загубите, но за разлика од изминатите години, оваа година претпријатијата се со огромни загуби како резултат на непродуктивните трошоци. За сметка на тоа, граѓаните на Охрид добија зголемени цени на услугите за ѓубретарина, зголемени цени на услугите од градски пазар, зголемени услуги за гробарина и гробни места.

Бесмислените оправдувања кои секојдневно ги слушаме веќе од далеку се провидни. Фактот дека раководните лица се во неможност да ги менаџираат јавните претпријатија треба да го засега Градоначалникот Пецаков. Но, народот го интересира и прашува: Какво добро видоа луѓето од работата на јавните претпријатија и дали се уште и до кога ќе треба тие да ја плаќаат цената за вработување на партиски заслужни кадри и делење на партиски колач помеѓу неколкумина засегнати, рече Јован Крлев, портпаролот на СДСМ Охрид. 

Публицитет.мк 

Прочитано 245 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter