al palpojo 2020

Студенти идни архитекти во посета на Охрид помогнати и од Архрид Колектив

19 Март 2023

На 16 и 17 март во Охрид беше организирана студиска посета на студентите од Факултетот за Архитектура и Дизајн Американ Колеџ Скопје, во организација oстварена од страна на факултетот и Архрид Колектив.

Студентите беа пречекани во касарната „Михаило Апостолски”, која ќе ја работат како проектантска задача за следниот семестар. Членови на Архрид и Касарна Хаб ги запознаа студентите со локацијата и нејзините граници, содржини и природни дадености.

ZUP 7272

Од 16 до 18 часот се одржа презентација во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” Охрид. Презентацијата беше отворена од страна на проф. д-р Мишко Ралев, а потоа продолжи излагањето за градот и касарната од страна на членови на Архрид, маг.инж.арх. Емилија Стојаноска, маг.инж.арх. Христина Алексиоска и Стефан Жупан.  По презентацијата следуваше панел дискусија на истите теми.

ZUP 7443

Следниот ден  беа посетени објектите со значајни архитектонски белези во Охрид кои ќе им служат на студентите како референтни примери.

 

ZUP 7351

 

Тука станува збор за објектите: Цернтар за културата „Григор Прличев”, хотел Палас, студентскиот дом „Никола Карев”, Дом на пензионери и Архивот каде заврши студиската посета.

Публицитет.мк 

 

Прочитано 75 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter