DW: Почина Мери Квант, „мајката“ на мини здолништето
Таа ги направи здолништата пократки, нозете подолги, а жените послободни. Модната дизајнерка Мери Квант почина на 93-годишна возраст.
Некои велат дека таа ги пронајде, но во секој случај беше таа која ги популаризирашe: Мери Квант се смета за „мајка“ на мини здолништата во 1960-те години – во тогашно време скандалозен дел од облеката. Во 1962 година британската модна креаторка ги скрати женските здолништа над колената и испрати сигнал против конзервативните вредности и ригидниот сексуален морал.

Креациите на Квант го следеа нејзиното мото: „Смислата на модата е да стане достапна за сите“. „Ова го правам за девојките кои градат кариера. Досега тие се облекуваа за да ја исполнат првенствено функцијата на ќерка на таткото или жена на мажот", порача Квант.

Благодарение на нејзината храброст, мини здолништата станаа прифатливи во секојдневието и моден хит кај жените.

Извор: dw.com