al palpojo 2020

Убедлива победа за крај од првенството ГФК „Охрид Лихнидос - ФК „Беласица“ 3:0

14 Мај 2023

Охридската екипа за крај на годинешното првенство постигна вредна и убедлива победа над екипата на Беласица со резултат од 3-0.

Гостите од Струмица само на  почетокот на натпреварот наметнаа поофанзивна игра, па во тој период од играта на два пати имаа шанса и да дојдат до водство меѓутоа капитенот Тафа интервенираше капитенски и не дозволи водство за гостите и тоа беше се’ од гостинската екипа на натпреварот.

Како што одминуваше времето охриѓани ја преземаа иницијативата што резултираше и со водство имено во 37 минута  Хусеин Демири постигна ефектен гол за водство на охриѓани од 1-0 па со овој резултат се отиде на одмор.

Во второто полувреме видовме целосна иницијатива на ГФК Охрид Лихнидос и како плод на таквата игра веќе во 61 минута со вториот гол на Хусеин Демири охриѓани дојдоа до убедливо водство од 2-0.

Веќе во 68 минута со голот на Алтин Лога домашните поведедоа со 3-0 што беше и конечен исход од денешниот натпревар.

Да напоменеме дека до крајот на овој натпревар тренерот Џигероски ги изврши сите измени. Покрај останатите што влегоа на теренот беа и Парталко и голманот Доко, накои им се укажа можност да дебитираат на еден второлигашки натпревар. Убав потег на Шефот на стручниот штаб на Охрид Пепи Џигероски.

Иван Арсеноски, Охрид Спорт

Публицитет.мк

Прочитано 240 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter