al palpojo 2020

Започнува 24 издание на „Распеано рибарче“

14 Мај 2023

Два дена големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид утре и задутре ( понеделник и вторник ) е резервирана  за децата. Започнува 24 издание на Детскиот музички фестивал „Распеано рибарче 2023“.

Ќе бидат изведени вкупно 20 нови детски песни од деца од Охрид и автори на текстови, музика и аранжман од нашиот град.

ribarce 2023

Генерации и генерации дечиња  - изведувачи и учесници од 1998 година наваму, пораснаа со него, а неговите долгогодишни креатори ги вградија сопствените животни приказни во него. Фестивалот е мозаик составен од идеи,искуства, таленти, креации,позитивни мисли, добри намери. „Распеано рибарче“ одамна е бренд на Охрид и традиционално е под покровителство на Градоначалникот на општина Охрид.

generalna 1

-Деновиве пред симболично да се крене фестивалската завеса, на пробите „паднаа“ првите заеднички дружби. Се „родија“ другарства, се поделија весели детски насмевки, едногласно испеани рефрени.

generalna 2023

За момент децата а и ние возрасните заедно со нив се оддалечивме од "премногу паметните телефони", компјутери, таблети, гаџети и други вештачко интелегентни другарчиња и се вративме на стариот, добар начин на комуникација. Со песна и игра да ни минат дните, велат од Фестивалскиот одбор.

generalna 2

Завршната – вечерна приредба е во вторник – 16 мај од 19 часот а влезницата чини 100 денари.

Прочитано 67 пати

Омнибус

24 Мај 2023

Почина кралицата на рокенролот Тина Тарнер

Тина Тарнер, една од најдобрите музички изведувачи на сите времиња, почина денес на 83-годишна возраст.
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter