al palpojo 2020

Новиот шампион се намачи: ГРК Охрид - РК Еурофарм Пелистер 25-28

21 Мај 2023
Охриѓани достојно му се спротивставија на фаворизираниот противник односно на веќе новиот шампион на Македонија.
Домашните во текот на целиот натпревар држеа резултатски чекор на моменти го изедначуваа резултатот кога гостите водеа дури и со пет разлика.
Најинтересно беше второто полувреме кога охриѓани тргнаа похрабро кон голот на битолчани така што на моменти доаѓаа и на минус два.
Охриѓани ако повеќето грешки во нападот ги претвореа во голови во Охрид се’ можеше да се случи.
За да не дојде до такво нешто покрај сопствените грешки во нападот по наше мислење и судиите со своите чудни одлуки на штета на домашните успеаја да ја изиритираат домашната публика.
Како и да е на битолчани не им беше така лесно да дојдат до по нив планираните бодови за шампионскиот трон напротив охриѓани достојно им се спротиставија и можеше лесно да се случи крајниот резултат на овој натпревар да биде поинаков.
Кога сме кај публиката покрај охридските Рибари свој придонес со своето навивање дадоа и гостите од Хамбург од клубот Сент Паули кој дадоа додатна мотивација и кај играчите и кај охридските навивачи за што дел од охридските ракометари пред се Бојаниќ и Вјештица кој вечерва одигра одлична партија им се заблагодарија за поддршката а Бојаниќ на гостите од Германија дури им го подари својот дрес.
Браво.
ГРК Охрид
Миленковиќ, К. Андоновски, Рустамов 3, Дрогришки 5, Цинцадѕе, Д. Андоновски 1, Василевски, Тасески 3, Вјештица 3, Шешиќ 3, , Каракоч, Бојаниќ 3, Цирар 3
РК Еурофарм Пелистер
Лесјак, Ојлески, Кузманоски 9, Каспер, Радовиќ, Танкоски 1, Усама 1, Костески 3, Вилсон, Кукоски, Велковски, Пешевски 6, Ханенберг, Атанасијевиќ 1, Стевановиќ 5, Кизиќ
 
И Арсеноски Охрид Спорт
 
Публицитет.мк 
Прочитано 44 пати

Омнибус

24 Мај 2023

Почина кралицата на рокенролот Тина Тарнер

Тина Тарнер, една од најдобрите музички изведувачи на сите времиња, почина денес на 83-годишна возраст.
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter