al palpojo 2020

Започна одбележувањето на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

24 Мај 2023
Со концерт на гудачкиот ансамбл „Антео“, во црквата Света Софија во Охрид, синоќа отпочна дводневното одбележување на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј.


На концертот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорката на „Охридско лето" Наташа Поповиќ, пратеници, професори, научници, лингвисти, книжевници.
 
maj 2

Ансамблот „Антео”, изведува музика на светот и ја инкорпорира во македонското звучно милје во кое се вткаени традицијата и современоста. 
 
maj 4
 
Музика која е авторска, но која во себе содржи влијанија од музиката родена под поднебјата на Франција, Шпанија, Балканот - или спој од западните класични вредности во фузија со богатиот фолклор на различните народи кои живеат и творат на македонската почва. 
 
maj 3
 

Во пресрет на Денот, Владата годинава организира дводневно свечено одбележување на државниот празник, под мотото „Писмото е нашиот универзум“. Свеченото одбележување на празникот започна во Охрид - колевката на словенската писменост.

„Оддаваме должна почит на непроценливата просветителска мисија на Светите Кирил и Методиј, со која ги поставија основите на сесловенската писменост и која е инспирација сите следни генерации. Нивното дело живее и денес. Македонскиот стандарден јазик, нашиот официјален јазик, денес е целосно заштитен, признат и е рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици и во ОН и во Европската Унија и како таков тој е признат и почитуван во светот, на што сме особено горди. Денес, како резултат на тешките, но храбри одлуки кои ги донесовме, вратите се ширум отворени и за активна промоција, но и за развој на македонскиот јазик и култура“, посочуваат од Владата.

По повод државниот празник, денеска во Охрид ќе се одржи панел-дискусија „Македонскиот јазик во словенскиот свет" на која воведен збор ќе има премиерот Ковачевски, по што ќе се положи цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј. Напладне во Плаошник ќе се одржи централната свеченост на која обраќање ќе има премиерот Ковачевски.

Овој голем ден се одбележува и слави повеќе од век и половина во словенскиот свет, како ден на културата и просветата.
 
Публицитет.мк 
 
Прочитано 298 пати

Омнибус

24 Мај 2023

Почина кралицата на рокенролот Тина Тарнер

Тина Тарнер, една од најдобрите музички изведувачи на сите времиња, почина денес на 83-годишна возраст.
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter