al palpojo 2020

Непланиран пораз ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС - ГФК ВАРДАР 2-3

04 Септември 2023

И тоа се случи Охрид да биде поразен на домашен терен и тоа од довчерашниот третолигаш екипата на Вардар.

Со ова секако не ја потценуваме и ја омаловажуваме победата на гостите кој во Охрид покажа како се бранат боите на својот клуб туку сакаме да спомнеме за анемичната и слаба игра на охридската екипа.
Во период од играта кога се кршеше натпреварот на охриѓани им беше поништен чист гол што претставуваше и дополнителна  нервоза и меѓу играчите и меѓу навивачите.
Иако домашните први дојдоа до водство со одличниот гол на Петрески и кога требаше само да ја потврдат победата барем така се одвиваа работите гостите смогнаа сили да направат пресврт и од 1-0 стигнаа на 1-2
После неочекуваниот пресврт охриѓани заиграа поангажирсно и како резултат на таквата игра од пенал во 79 минута со голот на Демири стигнаа до 2-2.
И кога во деветминутното продолжение се очекуваше домашните да постигнат гол бидејќи бодот беше обезбеден се случи пресврт во корист на гостите кога се играше 100.минута од натпреварот Вардар (Н) постигна гол за победа за конечни 2:3 за голема радост на гостите но и огромно разочарување кај охриѓани.
Нешто се случува со домашниот тим ако на натпреварот со Караорман на кој исто така прикажаа бескрвна и слаба игра но за среќа победија тоа денес не се случи.
Иако уште од почетокот на натпреварот охриѓани ја имаа доминацијата и шанси уште во првиот дел да го решат натпреварот пропуштајќи неколку шанси за гол спротивно од тоа тие на крајот со наведнати глави го напуштија теренот поразени од помотивираниот тим од Неготино.


И.Арсеноски  Охрид Спорт

Прочитано 76 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter