al palpojo 2020

Oткриена спомен плоча на 6-та пешадиска бригада на АРМ во Охрид

08 Септември 2023

На пригодна свеченост, во поранешната касарна во Охрид, беше откриена спомен плоча на 6-та пешадиска бригада на Армијата на Република Северна Македонија.

Во присуство на генералот во пензија и актуелен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија Илија Николовски, воедно и претседател на воените ветерани и резервисти, на генералот во пензија Филип Котели, претседателот на Сојузот на борци од Охрид, Гоце Георгиевски, претставници на СВР Охрид како и на повеќе актуелни и поранешни припадници на единицата, за развојниот пат на 6 пешадиска бригада, зборуваше полковникот во пензија и претседател на Здружението на ветераните и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Охрид, Добре Велјаноски. Тој, во името на ветераните, за посебен придонес во формирањето на 6 пешадиска бригада, постхумно му додели благодарница на првиот командант на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба а делегација на ветераните, положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште.

capture 20230908 101802

Благодарница за посебен придонес во формирањето на 6 пешадиска бригада, му беше доделена и на тогашниот заменик на командантот, полковник во пензија, Павле Момироски како и на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, за искажаната помош и поддршка за отворањето на спомен собата на 6-та Македонска народно ослободителна бригада, лоцирана во охридската касарна.

Публицитет.мк 

Прочитано 394 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter